МАКФАКС

Во Египет откриена мумија на огромен крокодил

(EPA/MIKE NELSON)

Во Египет откриена мумија на огромен крокодил
07.02.2017, 15:32

Мумија од четири метри долг крокодил, олицетворение на древноегипетското божество Собек, е откриен во текот на археолошките ископувања на северот од покраината Кена, изјави челникот на локалната Управа за старини, Ајман Ханди.

До ова извонредно ретко откритие е дојдено во текот на експедициската теренска работа во областа Наг-Хамади, на источниот брег од реката Нил. На ова место, во долината близу градот Хамердум, пред илјадници години биле погребувани тогашните благородници и лица на блиските личности на фараоните, а подигнати биле и неколку храмови во чест на главните божества на Древниот Египет.

Во текот на ископувањата во Наг-Хамади археолозите откриле уште неколку мумифицирани крокодили, од кои два биле подолги од 1,2 метри, како и глави од некои помали животинки кои исто така г обожувале древните жители на Египет. Најдени биле и специфични алатки кои се користат во процесот на балсамирање, а ролни од ткаенина во која биле замотувани мумиите пред погребниот обред.

Уникатноста на најдените мумии во Кена, како што појаснуваат од локалната канцеларија за археолошки наоѓалишта, се состои во тоа што ова е првпат во регионот да е пронајдени мумифициран симбол на богот-крокоди Собек. Според директорот Ханди, досега не беше познато дека жителите на Наг-Хамади го почитувале ова божество, и досега во регионот не бил откриен ниту мал храм, кој би бил поврзан со ова божество.

Сега научниците темелно ги испитуваат откритијата, обидувајќи точно да утврдат од кој период од ерата на фараоните потекнуваат мумиите на крокодилите и во која мерка во овој регион на југот од современ Египет бил распространет култот на богот Собак.

Ова божество на плодноста во прв ред се сметало за заштитник на водите и од поплавите на Нил и е претставуван на цртежи на ѕидовите од разби објекти со глава на крокодил. Древните Египќани верувале дека Собел ги истерувал силите на темнината и ги заштитувал од нив како другите божества така и луѓето.

Центар на култот на богот-крокодил во древниот Египет, а подоцна и во времето на владеењето на Птоломејската династија бил храмот во градот Ком-Омбо, кој се наоѓа на околу 50 километри северно од денешниот град Асуан. Храмот бил подигнат во годините на владеење на фараонот од XVIII династија на Новото кралство Тутмос Трети, 1479-1425 пред нашата врата./крај/мф/сн

No Posts Found

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *