МАКФАКС

Голема европска операција против кражби на уметнички дела, над 70 уапсени

Голема европска операција против кражби на уметнички дела, над 70 уапсени
22.01.2017, 19:35

Голема акција во справувањето со кражбата и препродавањето на уметнички дела и предмети од културното и историско наследство е спроведена во европските земји, при што се уапсени 75 луѓе, и одземени се над 3.500 експонати.

Во операцијата под кодното име „Pandora“ биле вклучени 18 европски земји, Европол, Интерпол, УНЕСКО, како и Светската трговска организација. Според шпанските власти кои известија за оваа операција во неделата, уапсени се 75 лица, одземени се 3.561 предмети од културата, а половината од нив се археолошки експонати. Засега не се објавени државјанствата на приведените.

Само во шпанскиот град Мурсија се пронајдени 500 археолошки артефакти, а 19 од нив биле украдени во 2014 година од тамошниот Археолошки музеј.

Во текот на операцијата биле извршени претреси на речиси 30.000 возила, 50 бродови, а биле опфатени вкупно околу 50.000 лица. Клучна улога во потрагата по криминалците имале полициите на Шпанија и на Кипар, а поддршка со свои сознанија дале и шпанското министерство за култура и црквата.

Истрагата се занимавала со „сомнителни објави на интернет“, што ѝ овозможило да пронајде над 400 древни монети, кои ги нуделе илегални продавачи.

Грчката полиција, меѓу другото, запленила мермерна надгробна плоча од периодот на Отоманската империја, како и предмети од византискиот и поствизантискиот период./крај/мф/сн

 

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *