Дени Де Вито во завршни преговори за улога во филмот „Дамбo“ на Тим Бартон

Дени Де Вито во завршни преговори за улога во филмот „Дамбo“ на Тим Бартон

Американскиот актер Дени Де Вито е во завршни преговори со продуцентите на филмската адаптација на дизниевиот цртан филм „Дамбо“ (Dumbo) во улогата на директорот на циркусот во филмското остварување коешто ќе се одвива под режисерката палка на Тим Бартон, пишува магазинот Variety.

 

Де Вито и Бартон успешно соработуваа во 1992 година во филмот „Враќањето на Бетмен“ каде што актерот го толкуваше ликот на негативецот Пингвин.

Во преговори за улога во филмот за слончето коешто лета со големите уши, покрај Дени Де Вито е и актерката Ева Грин, на којашто ова би ѝ била третата соработка со Тим Бартон, доколку се создадат сите услови. Грин во филмот би го толкувала ликот на француската акробатка.

Сценариото за филмот го пишува Ирен Кругер. Заедно со Џастин Спрингер, тој ќе биде и копродуцент на филмот.

Филмското студио сé уште е во потрага по актер кој ќе го толкува ликот на таткото, а се споменуваат Вил Смит и Крис Пајн. Уште не е пронајден и соодветниот актер за улогата на директорот на циркусот, за која се преговара со Де Вито.

Оригиналната приказна се темели на животот на отфрленото циркуско слонче коешто го исмејуваат поради големите уши, но благодарејќи на нив тоа може да лета, а во тоа го поттикнува и му помага неговиот единствен пријател, глувчето Тимоти.

Дамбо ќе биде оживеат со помош на CGIаниматорската технологија, односно компјутерски генерирана слика, а филмот на Бартон ќе биде комбинација од игран филм и анимација./крај/мф/сн