МАКФАКС

Изложба „Фортификација на сино” на Валентина Илијевска во НЛБ Галерија

Изложба „Фортификација на сино” на Валентина Илијевска во НЛБ Галерија
28.02.2017, 08:47

Изложбата насловена како „Фортификација на сино” на Валентина Илијевска, ќе биде отворена во вторник вечер во НЛБ Галеријата.

Илијевска како млад автор, по шести пат се претставува на уметничката ликовна сцена со самостојна изложба, овој пат со 28 минијатури, работени во акрил техника, преку графичкиот јазик на нејзините дела навлегува во метафизичкиот свет каде што ја истражува-бара суштината на човековите вредности.

Преку симболот на коцката кој е сеприсутен во нејзините дела ја истакнува човековата интуинтивност за прапочетоците. Сината обоеност на квадратот е објективна присутност и потреба за остварување и потврдување на самата објективност.

Валентина Илијевска е родена во Скопје на 25ти јули, 1987 година, а живее и твори во Куманово. 2010-та година Дипломира на Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) – Скопје, на одделот графика и графички техники. 2014-та година магистрира на отсекот: Конзервација и реставрација на ѕидно сликарство. Илијевска е добитник на: 1-во место Диплома за интернационална изложба „Флора и Фауна” – при Дом на култура и библиотека „Другарче” – Скопје, Македонија, наградата за сликарство „Константин Мазев-Коце” на КИЦ – Скопје, наградата „НЛБ миниАРТ“ за минијатура во рамките на изложбата на ДЛУМ МиниАРТура од НЛБ Банка АД Скопје, наградата за сликарство „Адем Кастрати” при КИЦ – Скопје и 3-то место на „Мини ВоВа Арт“ Будимпешта, Р. Унгарија. Од 2008 година е член во Друштвото на уметници „Широка стаза”-Земун, Србија и од 2012 е член на ДЛУМ – Друштво на ликовни уметници на Република Македонија. /крај/со/ст

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *