Бестселерот „Домина со боја на месо“ од Зигмундс Скујинш објавен на македонски

Бестселерот „Домина со боја на месо“ од Зигмундс Скујинш објавен на македонски

Бестселерот „Домина со боја на месо“, од летонскиот писател Зигмундс Скујинш, кој е продаден во седум милиони копии ширум Европа, деновиве излезе од печат во издание на издавачката куќа „Прозарт Медиа“.

Романот е објавен во 1999 година, а станува збор за прекрасно напишан надреалистички роман со политичка алегорија.

„Домина со боја на месо“ го транспортира читателот помеѓу благородништвото на осумнаесеттиот век и животот на нараторот во модерниот свет. Конекцијата помеѓу двете нарации станува јасна во хипнотичката фантазија на љубовта, страста и загубата, додека Скујинш создава дело со сублимирана уметност кое е забавно, возбудливо, поучно и филозофско, во иста мерка.

Зигмундс Скујинш е еден од најпознатите летонски писатели од крајот на дваесеттиот век. Роден е во Рига, Летонија, во 1926. Неговите дела се преведени во повеќето земји во Европа, а дел од нив се адаптирани во филмови. Тој е добитник на бројни летонски и меѓународни литературни награди, вклучувајќи животен грант од Летонската државна фондација за културен капитал. /крај/со/ст