МАКФАКС

Објавен „Возвишување“ роман за авантурите на еден револуционер

Објавен „Возвишување“ роман за авантурите на еден револуционер
20.03.2017, 10:55

 

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје објавува дека наскоро од печат излегува романот „Возвишување“ од бугарскиот писател Милен Русков.

Романот е добитник на Наградата за литература на Европската унија во 2014 година, како и на наградите „Златен век“ на Министерството за култура на Бугарија и на националната книжевна награда „Христо Г. Данов“. Преводот на македонски е на Душко Крстевски.

„Возвишување“ се случува во Бугарија во 1872 година. Ова е време на самообразование и на преданост кон идејата за ослободување од угнетувачите. Претенциозниот раскош на револуционерните идеи се пробива и до свеста на две момчиња, чесниот полуобразован Гичо и неговиот наивен пријател, клептоман, Асен. Вооружени со пиштоли и со книги, од градот Котел тргнуваат да се приклучат на група разбојници револуционери. Со нив учествуваат во кражба на турски даночен конвој кај преминот Арабаконак – настан што ќе го означи пресвртот во нивните трагикомични авантури.

Овој напад е добропознат во историјата и поттикнал силна и безмилосна реакција на корумпираните османски власти и довел до масовни апсења и уништување на Внатрешната револуционерна организација.

Според оцените на критиката, поради оригиналната тематика и стил, „книги како оваа ниту се пишуваат лесно, ниту се објавуваат често“.

Книгата е објавена со поддршка на програмата Креативна Европа на Европската унија.

Милен Русков (роден 1966) е бугарски писател и преведувач. Докторанд е по лингвистика. Автор е на три романи, сите наградувани со различни книжевни признанија. Како преведувач од англиски, превел дваесетина книги од автори како Томас де Квинси, Џером К. Џером, Мери Шели, Мартин Ејмис, Рави Хаж./крај/со/бб

Tags
No Posts Found

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *