МАКФАКС

Романот „Собирачи на пепел“ од Давор Стојановски избран за „Роман на годината“

Романот „Собирачи на пепел“ од Давор Стојановски избран за „Роман на годината“
15.03.2017, 18:49

Романот „Собирачи на пепел“ на Давор Стојановски е годинешен добитник на наградата „Роман на годината“, што ја доделува „Утрински весник“.

Според жири комисијата, овој роман „претставува книжевно остварување кое се издвојува според својот особен стил, дело кое е изведено во духот на едно ново писмо“.

Романот обработува веќе познати егзистенцијалистички теми какви што се чувството на осаменост, стравот од блискоста, проблематичниот топос на домот како место на припадност, постојаната потрага по среќата и смислата. /крај/со/мф

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *