Квартет-премиера на Македонскиот народен театар

Во петок, 18-ти, ноември на Мала сцена во Македонскиот народен театар (МНТ) ќе биде изведена претставата „Квартет“ по текст на Роналд Харвуд во режија на Зоја Бузалковска.

Во претставата играат актери и од МНТ и од Драмски театар- Лилјана Велјанова, Катина Иванова, Емил Рубен и Благој Чоревски.

Идејата за претставата е од пред три –четири години, почнала да се реализира како независна продукција преку „Контрапункт„што ќе се игра во Младински културен центар, но потоа се договориле да ја преселат во МНТ, каде што повеќе и припаѓа, како што вели режисерката Бузалковска.

На прес-конференцијата Зоја Бузалковска изјавила дека идејата за оваа претстава потекнува од актерите, текстот го открила актерката Велјанова, која ја повикала таа да го режира текстот, Бузалковска нив ги нарече четворица маестра на актерството со кои, рече да се работи е огромна чест и задоволство, а истовремено и голем предизвик, искушение и тест за еден режисер.

„Се работи за еден фантастишен драмски текст за четири лика, некогаш многу познати и популарни оперски пејачи кои сега се наоѓаат во дом за стари луѓе од таа фела“, рече Бузалковска.

Актерката Велјанова, која во јануари се повреди во МНТ и од здравствени причини отсуствуваше од пробите , се заблагодари што режисерката и колегите имале, како што рече, трпеливост и желба таа да остане дел од екипата./крај/мф/св