Второто издание на Зимскиот поетски фестивал на Струшките вечери на поезијата

Второто издание на Зимскиот поетски фестивал на Струшките вечери на поезијата

Второто издание на Зимскиот поетски фестивал на Струшките вечери на поезијата ќе се одржи од 25 февруари до 1 март, а свеченото отворање ќе биде свеченото отворање ќе биде во Младинскиот културен центар во Скопје со почетокот во 20 часот.

Согласно програмската концепција, Зимскиот поетски фестивал е програмско проширување со кое СВП институција преку едни поинакви програмски активности продолжува со својата улога во македонската култура да ги презентираа најзначајните современи поети од светот, но и актуелните книжевни достигнувања во македонската поезија.

Фестивалот е базиран на издавачката дејност на СВП, на авторите чие творештво е објавено во превод на македонски во престижната едиција „Плејади“.

Овогодишни учесници на Зимскиот поетски фестивал на СВП ќе бидат Ласе Содерберг од Шведска, Хабиб Тенгур од Алжир, Хасан Зактан од Палестина и македонскиот поет Иван Џепароски, како добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ во 2016 за најдобра поетска книга напишана на македонски јазик и објавена меѓу две изданија на СВП.

Предавањата на поетите-учесници ќе бидат организирани на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, а портретите и поетските читања во салонот „19.19“ на Културно Информативниот Центар (КИЦ) во Скопје. /крај/со/ст