МАКФАКС

Објавен јавниот конкурс за интернационалниот стрип натпревар во рамки на стрип салон „Велес 2017“

Објавен јавниот конкурс за интернационалниот стрип натпревар во рамки на стрип салон „Велес 2017“
10.03.2017, 08:49

Стрип центар на Македонија со седиште во Велес го објави јавниот конкурс за интернационалниот стрип натпревар, којшто се организира во склоп на 15-тиот (јубилеен )Интернационален стрип салон „Велес 2017“…

Интернационалниот стрип салон во Велес , другите интернационални проекти но и издавачки активности на СЦМ -Велес, имаат клучно влијание за стимулирање на македонската стрип сцена.

„На стрип конкурсот во 2015 година беа пристигнати дотогаш рекордни 228 дела од 42 земји ширум светот. Додека во 2016 г тој број уште повеке се зголеми и изнесуваше 254 пристигнати дела од сите континенти Споредбено со други сродни активности, посебно од регионот, тоа претставува солидна цифра бидејки овој салон е наменет само за стрип. Освен квантитетот на добиени стрипови од странство интензивно се зголемува и интересот мегу македонската стрип сцена. Постојано се појавуваат нови имиња коишто го бараат своето место под „македонското стрип небо“. Посебно се зголемува соработката со училиштата и културни асоцијации од сите средини на Македонија“, изјави Ване Трајков, извршен директор на македонскиот стрип центар.

Крајниот рок за поднесување на стрипови е 20.09.2017 г

Стриповите нема да бидат вратени, .Со самото испраќање организаторот се стекнува со право да ги објавува и презентира заедно со авторите во склоп на промоција на своите активности.-изложби, промоции, ревија СТРИП КРЕАТОР и друго .Авторите коишто ќе испратат свои стрипови влегуваат во комбинација за обезбедување на пат , сместување и исхрана во текот на 15 Интернационален салон на Стрип „Велес 2017“(ке се одржи средината на октомври)

Повеке информации ,освен за овој конкурс и за други активности од македонската стрип сцена може да се најдат на веб страницата www.comicscenter.mk

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *