Францускиот филм „Џанго“ го отвора 67. Берлинале

Францускиот филм „Џанго“ го отвора 67. Берлинале

Со свечената премиера на францускиот филм „Џанго“ во Берлин во четврток започнува 67. Берлински филмски фестивал, познат како Берлинале.

Филмот „Џанго“ на интересен начин го прикажува животот на неден од најинтересните пионери на европскиот џез и основачот на таканаречениот „џипси свинг“.

Приказната се фокусира врз животот на овој уметник и неговото преживување за време на Втората светска војна.

Државниот секретар за култура Моника Грутерс ја истакна важноста на Берлиналето како фестивал со силен политички акцент.

„Берлиналето во борбата против политичката едноликост се бори со уметничка разноликост“, рече Грутерс.

До 19 февруари во шесте главни фестивалски секции и многу пропратни програми ќе бидат прикажани 399 филмови, од кои 24 во главната натпреварувачка програма, во која филмовите конкурираат за главната фестивалска награда – Златната мечка.

Од светските филсмски ѕвезди оваа година се очекува пристигањето на Кетрин Денев, Пенелопе Круз, Хју Џекмен и Роберт Патисон.

Претседател на овогодинешното издание на фестивалот е холандскиот режисер Пол Верховен.

Германските медиуми и оваа година го критикуваат фактот дека на Берлинале ниту оваа година нема да се појават многу ѕвезди и го забележуваат трендот според кој познати режисери и продуцентски куќи своите филмови не ги испраќаат на Берлинале, туку сакаат да ги „сочуваат“ за погламурозните фестивали како Кан и Венеција. /крај/он/ст