Награда „Театропис“ за Мирел Кнез од Словенија

Награда „Театропис“ за Мирел Кнез од Словенија

Театарската асоцијација на критичари и театролози “ТАКТ“ ја додели наградата “Театропис“ на актерката Мирел Кнез од Словенија. Наградата е доделена за современ театарски израз, а за претставата “Ирена, но не можам повеќе!“ Оваа представа беше одиграна на годинашниот Меѓународен фестивал на монодрамата во Битола. Инаку, режисер на претставата е Нико Горшич, а станува збор за новинарката и интелектуалка Ирена која сака да стане и писателка и тоа многу славна. Таа својата прва книга ја предава кајиздавачот, но никако да и се јави уредникот и да и ја соопшти веста дека ќе ја објават нејзината книга. Всушност, претставата зборува за љубовта, успехот и славата, а во својот монодрамски настапактерката Мирел Кнез владее со сцената, нејзината игра е суптилна и прецизна, при што со минимална сценографија и костимографија се постигнуваат впечатливи и силни ефекти. Претставата епривлечна и гледлива, одмерена и концизна, јасна и трајна. крај/мф…