Акција за собирање електричен отпад во Гази Баба

Акција за собирање електричен отпад во Гази Баба

Граѓаните на општина Гази Баба од денеска до 28 мај ќе можат да се одлободат од своите електрични уреди во рамки на проектот на општината за собирање електричен отпад. Тие потенцијално можат да станат и добитници на вредни награди.

 

„Секој полнолетен граѓанин кој ќе достави отпаден електричен или електронски апарат во еден од еко магацините на Елколект лоцирани на територија на Општина Гази Баба станува потенцијален добитник на вредна наградна“, рекоа од општината Гази Баба.

 

 

Еко магацините на Елколект во општина Гази Баба се лоцирани на улицата „Лазар Поп Трајков“ бр. 26 ­ Автокоманда и на улица „6“ во село Стајковци. Наградната игра е во спонзорство на Елколект ДОО.

крај/мф/ем