Контакт

Македонија

(Видео) Драма во Пржино: Се излизга пат, жителите стравуваат за домовите

Објавено пред

Се излизга дел од улицата Пандо Кљашев во скопско Пржино поради градилиште за нова зграда. Асфалтот сосе лимените тараби за градилиштето и старите потпорни ѕидови се одронил утрово во шест часот. На улицата немало никој па нема повредени. Поради опасност од нов одрон, полицијата го огради просторот па неколку семејства останаа без пристап до домовите.

dobivaj vesti na viber

Жителите од околните куќи се огорчени од нереагирањето на Општината. Велат дека ги предупредиле и општинските власти и инвеститорот дека земјиштето ќе се излизга оти багерите ги откопале старите потпорни ѕидови кои го држеле патот и каналот за одведување на атмосферските води од Водно, но копањето за новата зграда не сопрело.  Распаметени од можноста  целото земјиште да се излизга и да им ги поклопи куќите, жителите дежураат покрај градилиштето.

„Ова не е еден ден. Веќе еден  месец ги предупредуваме градежниците. Им кажуваме дека ќе ни го уништат патот, ќе пропадне. Јас живеам на улицата кај почетната кривина. Борот цел го искршија. Им реков да не ми го фрлаат ѓубрето пред гаража,  да си го земат и да си го однесат. По неколку дена улициве почнаа да пукаат, почнаа да пропаѓаат. Пак ги викнавме. Им го блокирав патот таму, а тие ми викнаа полиција. Полицијата место  да нè штити нас, ги штитеше нив. Сè што пробавме беше попусто. Ги стопиравме, не можат да поминат, камионите им стоеја, ни се закануваа – знаете со кого си имате работа. Им кажавме дека овде е дозволено да проаѓа само петтонски камион, а не камион од 40 тона како што одат сега тука. Пријавено е во Општина не само од еден туку од речиси сите куќи што живеат тука, сите имаат пријавено“, вели жител на Пржино.

Соседите рекоа дека просторот на кој сега се гради зграда им служел како паркинг и повеќе од 50 години на него не било дозволено да се гради што било. Сметаат дека ова не е последен градежен атак на нивната населба.

„Градоначалникот ветуваше дека ќе прекине градежното лудило, но ова продолжува. Дознавме дека има маркици и во парк-шумата“, вели сосед на новата зграда.

Увид на местото на одронот, два часа по пријавата, направи и градежната инспекција од Општина Кисела Вода. Жителите со аплауз ги дочекаа инспекторите за иронично да им кажат дека одронот е нивна вина оти не постапиле по пријавите и ја поддржале урбаната мафија.

Уште еднаш им посочија дека на локацијата нема место за паркинзи за наводните 12 стана во зградата, нема соодветно решение за вода, струја за новиот објект и прашаа дали на инвеститорот му дале одобрение да урива и уништува општински имот алудирајќи на улиците. Општинските инспектори немаа одговор на бројните прашања на жителите и кажаа само дека инвеститорот имал одобрение за градење.

„Откако ќе ви скршат глава и ќе добиете потрес на мозок што ќе ви е санирање?“, прашаа жителите, на што инспекторката од Кисела Вода одговори со прашање „Зошто ми кажувате мене, дали јас сум виновна за тоа што се случило?“

Инспекторката немаше што да изјави велејќи дека треба да дојде фирмата инвеститор и да преземе заштитни мерки, тврдејќи дека на местото имало потпорен ѕид, но паднал. Како што рече таа, позитивно е што ќе добијат нов пат, изграден од инвеститорот.

„Што да утврдам? Тоа што гледате. Што да кажам? Улицата паднала, попуштило земјиштето. Јас ѝ укажав на фирмата да дојде и да преземе заштитни мерки. Имало потпорен ѕид, но паднал“, вели инспекторката од Кисела Вода.

Одобрението за градење на оваа локација е потпишано од новиот градоначалник, Филип Темелковски, кој за „Макфакс“ спротивно на кажувањето на инспекторката, вели дека на локацијата немало потпорни ѕидови, а општината ќе ја запре изградбата на определен период.

„Правниот тим на Општината и инспекцијата ќе дадат претставки и ќе се запрат градежните активности. Факт е дека при градењето фирмата не се грижела за безбедноста. Дополнително, на барање на граѓаните, ќе го лимитираме движењето на тешки товарни возила на горниот пат, кој воедно поради оштетувањата кои досега настанале ќе треба да ги санира. По долниот пат ќе можат да се движат градежните возила, а потоа инвеститорот ќе треба и тој пат да го санира. Не можеме да му ја одземеме маркицата за градба бидејќи тој има стекнатно право на земјиштето“, вели градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски.

Уништен од градежната механизација е целиот пат што води до градилиштето. Жителите велат дека не е исклучена можноста да се појават одрони и на други места оти патот е со пукнатини насекаде, а оштетувања имало и на одводниот канал покрај патот. Сите оштетувања се пријавени во Општината од каде не презеле мерки да сопре уништувањето.

Градежната компанија „Хантерс“,  која воедно е и инвеститор на зградата, не испрати свој претставник на градилиштето, а не одговори ниту на повиците на „Мафакс“ за објаснување по уривањето на патот.

Кристијан Ландов

Македонија

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Објавено пред

Денеска ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат на ЗНАМ, Максим Димитриевски. Иако е јасно дека не влегува во вториот круг, Димитриевски првиот круг од изборите го смета за голем успех.

dobivaj vesti na viber

„Можам да потврдам дека се роди третата политичка сила во македонскиот политички блок во државата која што имаме намера во следниот период дополнително да ја потврдиме и надградиме, со цел еден ден граѓаните да имаат можност да изберат нешто ново“, рече Димитриевски.

На противкандидатите им честиташе за успехот и се заблагодари на можноста да води кампања за која рече дека не била еднаква за сите оти законот кој е во сила не дава еднаква можност за медиумско претставување на сите партии.

Рече дека е горд на секој глас што го добиле како партија регистрирана пред само три месеци.

„Факт е дека јас како кандидат и ЗНАМ освоивме повеќе од 80.000 гласови. Регистриравме субјект кој постои нешто повеќе од три месеци и со граѓанската поддршка се етаблираше на трето место во политичкиот блок. Сметам дека тоа е одличен појдовен резултат за понатамошна борба. Јас не се сеќавам дека во историјата на плурална Македонија имало вакви примери, да имате партија со некаде три и пол илјади членови, а да освоите над 80.000 гласови. Искрено сум горд на секој тој еден глас што дојде, како поддршка за мене и ЗНАМ. И покрај тоа што трендовите се тие, десницата добива, а левицата губи, единствено десницата доживеа пораз во бастионот на асномска Македонија, а тоа е Куманово“, рече Димитриевски.

Порача на сите политичари дека треба да учат од овие избори оти граѓаните дале јасна насока каде сакаат да се движи државата, а посебна порака упати до Стево Пендаровски, кој освои повеќе 100.000 гласови помалку од Гордана Сиљановска-Давкова.

„Почитуван мој претседателе, разликата е огромна. Доколку сакате да опстане централната и левата идеја во државата, откажете се од оваа битка и оставете не да победиме во име на граѓаните во вториот круг“, порача Димитриевски.

Кога ќе завршат парламентарните избори, Димитриевски е уверен дека ЗНАМ ќе биде политички фактор за стабилност во државата без кој нема да може да се формира идната влада. Најави дека кога ќе ги почнат преговорите за формирање парламентарно мнозинство, на сите политички партии ќе им ги испорачаат нивните предлози за црвените линии на македонскиот народ.

Прикажи повеќе...

Македонија

ДИК: Сиљановска Давкова освои 324 177, Пендаровски 161 393 гласа по обработени 89,97 отсто

Објавено пред

Стево Пендаровски освои 161 393 гласа, 19,90 отсто, Гордана Сиљановска Давкова 324 177 односно 39,97 отсто од гласовите, Стевчо Јакимовски освои 7.499 односно 0,92 отсто од вкупниот број на гласовите.

dobivaj vesti na viber

Кандидатот Бујар Османи освои 110 903, односно 13, 68 отсто, Билјана Ванковска 35.949 односно 4,43 отсто од гласовите, Арбен Таравари 78.110 илјади односно 9,63 отсто, Максим Димитриевски 70,996, односно 8,75 отсто од гласовите се резултатите од обработените 89,97 отсто од гласовите, извести претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски.

Тој додаде дека изборниот процес поминал мирно и достоинствено и смета дека 99 отсто работите поминале како што треба.

Прикажи повеќе...

Македонија

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Објавено пред

„Влен“ е легитимен претставник на Албанците и ги доби гласовите на Албанците, изјави Билал Касами на прес конференција.

dobivaj vesti na viber

„Добитници на овие избори сме ние, коалицијата „Влен“. ДУИ има купено гласови од загрозените гласачи кои имаат потреби од пари. „Влен“ ги доби гласовите на Албанците, вели Касами.

„ДУИ го загуби последниот легитимитет да зборува во име на Албанците, затоа на 8 мај ние ќе победиме. Овој резултат и во мандати не е голема разлика со ДУИ и на 8 мај овој резултат ќе биде во наша полза. ДУИ успеа да ја загуби последната можност, еден кандидат Албанец да биде избран на директни избори во 2024 година. Тие ќе бидат запишани со црни букви во историјата на албанскиот народ во Македонија. Ако биле заинтересирани Албанец да оди во вториот круг сигурно ќе беа координирани со нас и ќе беше возможно да биде избран Албанец. Затоа мислиме дека вредеше оваа борба“, рече Касами.

Тој се заблагодари на сите што го гласаа кандидатот Арбен Таравари и додаде дека ДУИ има изгубено гласови од помалите етнички заедници и од загрозените граѓани.

Таравари кажа дека коалицијата подоцна ќе разговара за тоа кому ќе ги даде гласовите во вториот круг на претседателските избори.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија5 часа

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија5 часа

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија5 часа

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија5 часа

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија6 часа

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија7 часа

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија8 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија8 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија8 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...

Македонија9 часа

Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и...

Македонија9 часа

Силјановска: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт, порача кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова по гласањето во првиот...

Македонија9 часа

„Нека победи подобриот“ – Таравари рече дека поседува видео снимки за купување на гласови

Кандидатот за претседател, Арбен Таравари, гласаше со своето семејство, пришто порача изборите да бидат фер и демократски. „Нека победи подобриот....

Македонија9 часа

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица го оствари своето право на глас на ИМ во ОУ „Јан Амос Коменски“ во...

Македонија9 часа

(Видео) Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, денеска гласаше на првиот круг од претседателските избори. Во изјава за медиумите Пендаровски истакна дека...

Македонија10 часа

Во Куманово не се гласа на три избирачки места, на едното се изгубил печатот

Прекин на гласањето има на три места во Куманово, информираше претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Како што...

Македонија10 часа

Одѕивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9 проценти повеќе во споредба со претходните претседателски избори

До 17 часот во првиот круг од претседателските избори, своето право на глас го оствариле 397.612 избирачи, или 44,18 отсто....

Македонија12 часа

Петмина си ги фотографирале гласачките ливчиња, полицијата ги фати

Пет лица во периодот од 11 до 14 часот, биле фатени од страна на полицијата оти ги фотографирале своите гласачки...

Македонија14 часа

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Основното јавно обвинителство Делчево истражува предмет за изборен поткуп со бесплатно поставување водомери. Обвинителот Џељаљ Бајрами, претседател на комисијата на...

Македонија15 часа

Штипјанец и скопјанка фатени како ги фотографираат гласачките ливчиња, а жител на Бучим му го покажал ливчето на набљудувач

Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип....