(Видео) Заев се надева на усогласување на барањата со ДУИ

(Видео) Заев се надева на усогласување на барањата со ДУИ

 

Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски, Рената Дескоска и неколку експерти ги разгледуваат материјалите кои ноќеска на полноќ Демократската унија за интеграција ги доставила до СДСМ, по однос на прашањето за употреба на јазиците на малцинствата.

„За нас е се прифатливо што е во рамките на Уставот и сето она коешто претставува практична потреба на граѓаните од албанската заедница секако имајќи го во предвид и аспектот на потребата на граѓаните и од другите малцински заедници… јас верувам дека ќе успееме да изнајдеме решение“, рече Зоран Заев, лидер на СДСМ, одговарајќи на новинарски прашања, на одбележувањето 95 години коморско организирање во Македонија..

Заев рече дека решението доставено од ДУИ синоќа, тој лично го нема видено, но
секако во најбрзо можно време од СДСМ се подготвени да се изјаснат

„Првата работа која ја гледаме при вакви договарања е Уставот и дали е во рамки на Уставот. Втора работа, дали е вистинска практична потреба на граѓаните. Да не биде само хир, да не биде само политизација, конечно да ги решиме овие работи за да може да продолжиме натаму“, вели Заев.

Бидејќи бизнис заедницата порача дека мора да се донесе итно решение на кризата, за да може стопанството да се врати во колосек, Заев порача дека тој мисли оти треба да се реши дури и побрзо од тоа што бизнис заедницата го зборува.

„Треба уште од вчера да ги завршиме тие работи, ако навистина се фокусираме на она што е интерес на граѓаните и нашата земја. Политиката не е лесна, но еве, она што можам да го кажам е дека во СДСМ не губиме време. Состанците беа отворени утрово од 8.30 часот, се носат одлуки и решенија. Сакаме да бидеме прагматични, но при тоа да не направиме грешки кои би ја чиниеле и економијата и граѓаните. Верувам дека е можно брзо да се најде решение. Во тоа име, верувам дека час поскоро треба да се добијат потписите, затоа што тогаш би влегле во онаа уставна рамка од 20 дена, но лично јас како една од страните која сака да разговара и преговара, верувам дека тие 20 дена можат и мораат да бидат скратени“, додава Заев.

Пролетва треба да се одржат и локални избори, роковите течат а Влада се уште не е формирана, ниту Собранието работи, па зато Заев рече дека тоа го чувствува како причина повеќе за да се забрзаат одлуките на политичките субјекти кои разговараат.

„Рокот за распишување локални избори е 70 до 90 дена. Ако тие се во првата половина на мај, на 7 или 14 мај, тогаш роковите за распишување на избори се наближуваат, тоа е 4 март или веќе на крајот на февруари тие треба да се распишат“, додаде Заев./крај/со/бб

https://www.youtube.com/watch?v=wYuiLeV9I2Y&feature=youtu.be