ВМРО-ДПМНЕ: Заев планира да ја реализира платформата

ВМРО-ДПМНЕ: Заев планира да ја реализира платформата

 

ВМРО-ДПМНЕ смета дека лидерот на СДСМ Зоран Заев планира „подмолно да ги реализира сите точки од платформата од Тирана“.

„Зоран Заев за полесно да ја оствари оваа своја агенда го користи СЈО кое има за цел да го претрупа ВМРО-ДПМНЕ со неосновани пријави со цел целосен дефокус на јавноста од вистинската агенда: двојазичноста, федерализацијата и промената на името на Македонија“, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму го сметаат за најголемата опасност по Македонија како и неговото прифаќање на уцените да ја реализира платформата од Тирана.

Повторуваат дека доколку Заев се откаже од ваквото сценарио ќе ја добие поддршката за формирање влада, а ако се плаши од уцените и ветувањата што ги дал, нека ја изнесе платформата од Тирана на избори за народот да му каже што мисли за неа.

„Зоран Заев гледа што зборува и ветува Зијадин Села за менување на знамето и химната, за непостоење на македонскиот народ и за бркање од работа на Македонците за на нивно место да вработи Албанци. Гледа, но не реагира и спремен е сето ова да го поддржи само да седне на премиерската фотеља поткрепена со платформата од Тирана“, стои во партисокото соопштение.

ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи малцинска Влада на СДСМ и ќе гласа се од програмата на СДСМ, се со цел да се спречи растурањето на државата, додаваат./крај/со/бб