Вработен во НЛБ банка украл 2 милиони франци и 270 илјади евра

Вработен во НЛБ банка украл 2 милиони франци и 270  илјади евра

Четириесет годишниот Б.С. од Скопје, вработен во Тутунска банка, вчера попладне го ограбил трезорот на банката. Од МВР потврдија дека кражбата се случила пред 16 часот. Грабежот го открил директорот на трезорот во 16.58 часот. Од полицијата информираат дека Б.С. од трезорот украл 2 милиони швајцарски франци и 270.000 евра. Според досегашниот тек на истрагата, се знае дека тој ги ставил парите во торба и без да биде забележан од обезбедувањето или од колегите излегол од банката. Повеќе од 24 часа истражителите не знаат каде е Б.С. , а по него е распишана потерница