МАКФАКС

ЗНМ го поддржува штрајкот на новинарите на МПМ

ЗНМ го поддржува штрајкот на новинарите на МПМ
17.02.2017, 11:26

 

Здружението на новинари на Македонија го поддржува штрајкот на новинарите на трите весника на издавачот Медиа принт Македонија и го повикува менаџментот на компанијата веднаш да ги исполни барањата на штрајкувачкиот одбор за исплата на заостанатите плати и хонорари.

Од таму ги потсетуваат сопствениците на МПМ дека кршењето на социјалните права на новинарите не е само прекршување на нивните работнички права, туку e и силен удар врз слободата на медиумите.

„Ја повикуваме целата новинарска и медиумска заедница да го поддржи штрајкот на новинарите на веснициите Дневник, Утрински и Вест со цел да престане праксата медиумите да служат како средство за поткусурување заради интересите на сопствениците на медиумите и власта. Нивните политички и економски интереси не смеаат да се прекршат врз грбот на новинарите“, се вели во соопштението од ЗНМ.

Здружението ги поддржува напорите на Самостојниот синдикат на новинари и
медиумски работници за изнаоѓање решение за исплата на заостанатите
плати и хонорари на новинарите и дописниците./крај/со/бб

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *