МАКФАКС

Командант Соколи: Бег Ризај и Мирсад Ндрецај се организатори на настаните од Диво насеље

Командант Соколи: Бег Ризај и Мирсад Ндрецај се организатори на настаните од Диво насеље
17.02.2017, 15:56

 

Сами Укшини, познат како командант Соколи, во петокпред судот сведочеше за случајот „Диво Насеље“ при што потврди дека водачи на групата биле Бег Ризај и Мирсад Ндрецај, кои сакале да обезбедат спроведување на Охридскиот рамковен договор.

Имено, според сведочењето на Укшини, тој со неколкумина од групата на 1 и 2 мај ја минале косовско-македонската граница нелегално, преспале во напуштени куќи и на 3 мај биле однесени со комбе во Диво насеље во Куманово.

„Јас во населбата дојдов на 3 мај по повик од мојот пријател Џафер Зумбери. Ги молев Мирсад и Бег да си заминат од населбата, но тие одбија“, рече Укшини, кој тие денови забележал дека над населбата надлетувал дрон.

Ндрецај и Ризај му рекле дека не си одат туку ќе чекаат до 19 мај кога планирале да свикаат прес-конференција на која ќе барале спроведување на Охридксиот рамковен договор, а ко тоа не се направело планирале борбата за тоа да ја почнат од местото на де во 2001 година биле демобилизирани.

Саи Укшини учествувал и во битките во конфликтот од 2001 година, од каде и му е називот Командант Соколи. Тој е дел од кумановската група терористи што се предадоа и рече дека потоа ги тепале, а ако тоа го знел немало да се предаде.

„Еден член од групата, Шефќет Калачи, на 9 и 10 мај преговараше со ОБСЕ целата група да се предаде. Но, од ОБСЕ ни беше кажано дека и после 3 часа преговори, челниците на МВР одбивале да се предадеме“, изјави Укшини.

Единственото оружје кое го имал бил „калашников“ АК – 47. Според него, полицијата имала цел да ја ликвидира целата група, а не да ги приведе. Укшини појасни, дека ако тој бил командант на групата немало да има 18 жртви туку 200, а дека македонската полиција ги нападнала бројно и со многу оружје и муниција.

Од косовската група претходно најавија дека во нивните сведочења ќе бидат споменувани полициски службеници, како и политички активни личности.

За овој случај им се суди на на вкупно 37 лица. Во нападот беа убиени осуммина полицајци, припадници на слецијалните сили, а беа ранети 37 нивни колеги. Исто така беа убиени и 10 припадници на косовската група./крај/мф

No Posts Found

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *