Најден и петтиот планинар изгубен на Орле

Најден и петтиот планинар изгубен на Орле

 

Пронајден е и петтиот планинар што се изгуби при искачување на врвот Орле во близина на кавадарци, соопшти полицијата.

Имено,претходно полицијата соопшти дека во близина на Тиквешкото езеро, односно врвот „Орле“ беа изгубени пет лица, од кои четири беа пронајдени веднаш, а по уште едно лице се трагаше.

Лицето е пронајдено во четвртокот, околу 14.30 часот во близина на село Шешково. Се работи за К.К. (36) од Скопје. На лицето му е укажана лекарска помош во Здравствен дом Кавадарци и е констатирано дека се наоѓа во добра психо-физичка состојба./крај/со/бб