На протестот брутално нападнати новинари на порталот А1 он

На протестот брутално нападнати новинари на порталот А1 он

Учесници на протестот ‘За заедничка Македонија’ ја нападнале во вторникот вечерта екипата на А1 он пред Триумфалната капија во Скопје,  ја оштетиле камерата и ги претепале новинарите.

Двајца новинари на порталот А1.он беа брутално претепани од петмина учесници на вечерашниот протест пред Собранието на Македонија. Според очевидец на настанот, учесници на протестот ја нападнале екипата на А1.он пред Триумфалната капија, ја оштетиле камерата и ги претепале новинарите, по што еден од известувачите на порталот бил во конфузна состојба и се пожалил на повреди.

Станува збор за снимателот Владимир Желчевски и за новинарот Александар Тодевски. Двајцата во моментот се наоѓаат во Ургентниот центар, каде што врз нив се вршат прегледи.

Првичните инфомрации се дека и двајцата имаат повреди, бидејќи биле брутално тепани подолго време.

„Со тупаници по глава и по телото вечерва беа нападнати снимателот и новинар на А1он од демонстрантите пред Собранието на Република Македонија. И двајцата со возило на брза помош беа пренесени во ургентен центар. Дел од демонстрантите ја искршија и камерата на А1он по што избегаа од местото. Граѓанската иницијатива ‘За заедничка Македонија’ која е организатор на протестот очигледно не успеа да ги заштити медиумските работници, А1он ќе поднесе пријава против организаторот и ќе бара надомест на штета за дивјачкото и примитивно однесување“, објави во својата реакција порталот./крај/мф/сн