МАКФАКС

Никој не свикува собраниска седница, локалните избори се одложуваат?

Никој не свикува собраниска седница, локалните избори се одложуваат?
06.03.2017, 18:32

До доцна попладнето во понеделникот ниедна од политичките партии застапени во новиот состав на Собрението по предвремените парламентарни зибори од 11-ти декември не поднесе барање за свикување конститутивна седница на парламентот, па според сé судејќи ќе бидат одложени локалните избори кои треба да се одржат пролетва, бидејќи рокот за нивно распишување истекува до понеделник на полноќ.

 

Локалните избори најверојатно нема да се одржат во првата половина од мај 2017 година, како што предвидува Изборниот законик. На полноќ истекува последниот рок за распишување на изборите, според кој тие можат да се одржат во овој рок. До Собранието ниту една партија, ниту, пак, некој поединец или група пратеници не поднеле барање за свикување сорбаниска седница.

И покрај тоа што СДСМ и ДУИ, поддржани од БЕСА и Алијанста за Албанците објавија дека обезбедиле парламентарно мнозинство од 67 пратеници, сепак, не поднеле барање да се свика седница на Собранието. ВМРО-ДПМНЕ со своите 51 пратеник, секако, нема да поднесе такво барање, имајќи ги предвид заложбите за брзи нови парламентарни избори откако нивниот челник и мандатар Никола Груевски не успеа да се договори со досегашниот коалиционен партнер ДУИ да формира влада.

Според одредбите од Изборниот законик, двата датума од првата половина на мај се 7-ми и 17-ти мај, а за да може да има избори на 14-ти мај, тие мораа да бидат распишани во понеделникот, за да се зачува уставниот рок од најмалку 70 дена пред одржувањето на изборите.

Тоа практично значи дека локалните избори влегуваат во новите комбинаторики на партиите. Одложувањето на локалните избори како опција во понеделникот го навести и тетовската градоначалничка Тетута Арифи од ДУИ. Таа по средбата со евроамбасадорот Самуел Жбогар, изјави дека иако во ДУИ не се за одложување на изборите, сепак, „како што стојат работите по сé изгледа тие ќе бидат одложени“.

Постои дилемата и кој да ги распише изборите, бидејќи со Уставот е предвидено дека претстедателот на Собранието распишува парламентари и избори за претседател на државата. Од друга страна, пак, Изборниот законик предвидува дека распишувањето на сите избори го прави престедателот на парламентот. Таа одредба е пренесена од поранешниот закон за локани избори во којшто, исто така, беше предвидено дека нив ги распишува претседателот на парламентот. А претстедателот на парламентот е вториот проблем, откако не е одржана седница на којашто ќе биде избран спикерот на Собранието

Ако изборите не се одржат во мај, градоначалниците на општините и општинските совети повеќе нема да имаат никакви надлежности, а пречекорувањето на предвидениот рок повлекува измени во Изборниот законик и нов датум за локални избори.

Партиите имаат различни ставови за излез од ситуацијата, којашто може да се одрази и врз функционирањето на локалните самоуправи, каде што, исто така, е нејасно како ќе функционираат откако на актуелните избрани началници ќе им истече четиригодишниот мандат. Од СДСМ излезот го гледаат во добивањето мандат за составувањето влада од страна на шефот на државата Ѓорге Иванов, додека повеќепати од ВМРО ДПМНЕ повикаа дека излезот е во распишување нови парламентарни избори, коишто би се одржале заедно со локалните./крај/мф/сн

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *