Оливер Спасовски на распит во Обвинителство

Оливер Спасовски на распит во Обвинителство

 

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, во понеделник треба да се појави на распит во Основното јавно обвинителство, потврдуваат за Алсат – М, од таму.

Предмет на истрага на обвинителството се наводните сомненија за лажирање на финансиските извештаи на СДСМ, како и начинот на финансирањето на партијата. Деновиве во ОЈО на распит беше и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој во петокот изјави дека секогаш кога Специјалното јавно обвинителство ќе отвори некоја предистражна, истражна постапка или обвинителен акт, „Зоран Заев е таргетот на државното Јавно обвинителство“.

„СДСМ има јавно објавен ревизорски извештај, ревизорскиот извештај заврши, ревизијата беше спроведена од Државниот завод за ревизија, согласно законите и за кампањата и за партијата СДСМ, апсолутно нема никакво сомневање во самиот извештај… Апсолутно индициите којшто ги имаат се доволен основ да бидеме повикани, за да ги дадеме сите наши докази и верувам дека тука ќе заврши целата постапка“, рече Заев во петокот./крај/