Општина Центар со акција за нега на возрасните граѓани

Општина Центар со акција за нега на возрасните граѓани

Општина Центар в година ќе го продолжи проектот за нега на возрасните граѓани што живеат на територија на општината со име „Центар се грижи за возрасните“.

Моментно акцијата паузира, а за 2018 година е предвиден поголем буџет и ќе бидат склучени нови договори со нови содржини и поволности, кои ќе имаат важност цела година.

„Оние граѓани што ќе добијат вакви субвенции, како и досега, првично ги посетува социјален работник, кој ги нотира нивните потреби од медицинска нега. Потоа, земјаќи ги предвид индивидуалните потреби на секој граѓанин, се одредуваат бесплатните услуги и помошта што треба да му се даде на секој корисник одделно“, информираат од Општината.

Лиценцирани негователи ќе ги посетуваат лицата трипати неделно за да се добие потребната нега. Новина е тоа што еднаш месечно корисниците ќе ги посети медицинска сестра или психолог во зависност од потребите на корисниците.

Стручна комисија при изборот ќе води сметка за социјалниот статус, финансиската и здравствената состојба на лицето што аплицира за помош.