Павле Трајанов бара да се отворат студентските домови за навивачите на Суперкупот

Павле Трајанов бара да се отворат студентските домови за навивачите на Суперкупот

Павле Трајанов од Демократскиот сојуз на Македонија побара денеска студентските домови да се отворат за навивачите на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед и во нив да се сместат неколку илјади гости бидејќи навивачите не можат да се сместат во хотелите во Скопје.

„Во хотелите во Скопје не можат да се сместат навивачите на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, поради што предлагам да се отворат студентските домови во Скопје во кои можат да се сместат неколку илјади гости. Сместувањето да биде бесплатно или со минимален надомест (10 евра од кревет), колку да се покријат реалните трошоци“, порача Трајанов.

Јавноста е мобилизирана по информациите дека хотелите во Скопје ги зголемиле астрономски цените за сместување во деновите на Суперкупот, а оние што претходно потврдиле резервации сега ги откажуваат за да ги понудат потоа по новите цени кои одат до 3.000 евра за две ноќевања. На социјалните мрежи скопјани веќе нудат бесплатно сместување на навивачи дома.