Паднаа притвори за Грујовски и Бошковски

Паднаа притвори за Грујовски и Бошковски

Поранешниот началник на Петтата управа во Управата за безбедност и контраразунавање (УБК), Горан Грујовски, и неговиот подреден, ќе одат во притвор, а шефот на кабинетот на ексдиректорот на УБК, Тони Јакимовски, ќе остане без пасош, одлучи Кривичниот совет од пет судии во Врховен.

Сите тројца се обвинети од СЈО за нелегално прислушување илјадници граѓани преку злоупотреба на системите за следење во МВР и за физичко уништување на системите со кои се прислушувало за да нема докази за масовното кршење на човековите слободи и права во предметите на Специјалното обвинителство „Тврдина“ и „Таргет“, кои се споени во еден предмет.

Грујовски е главниот обвинет во „Тврдина“ и „Таргет“. Бошковски, пак, според обвинението, е извршителот на наредбите на тогашниот началник Грујовски. Јакимовски е генерален директор на СЕЛЕК, антикриминална организација со седиште во Букурешт.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека кога и да се случи тоа, тие се подготвени да постапат во согласност со одлуката и законите и да ги спроведат обвинетите во притвор.