Продолжува судењето за „Диво насеље“ сведочи одбраната

Продолжува судењето за „Диво насеље“ сведочи одбраната

 

Во понеделник продолжува судењето за случајот „Диво насеље“ за кумановските настани што се случија во мај 2015 година.

Денешното и претходното рочиште по подолг период се отворени за јавноста. Се очекува денеска исказ во судницата да дадат сведоци предложени од страна на одбраната на обвинетите.

Во четвртокот се читаше писмениот исказ на сведокот на обвинителството, Шабан Јашари, бидејќи тој не беше присутен во судница. Јашари дава опис на сето она што го забележал деновите пред да се случи настанот во кумановската населба, но и за она што се случувало во текот на денот.

Судењето подолг период беше затворено за јавноста бидејќи искази даваа заштитени сведоци и беа презентирани посебни истражни мерки поврзани со овој случај.
Во мај 2015 година во судир меѓу полицијата и вооружена група загинаа осуммина македонски полицајци и десетмина припадници на вооружената група. За овој случај им се суди на на вкупно 37 лица./кра/мф