МАКФАКС

СДСМ повика учениците да не се злоупотребуваат во партиски цели

СДСМ повика учениците да не се злоупотребуваат во партиски цели
20.03.2017, 14:43

 

СДСМ во понеделник повика веднаш да престанат притисоците и злоупотребите на деца за партиски цели, откако на собирите на таканаречената „За заедничка Македонија“ почнаа масовно да се водат ученици од средните училишта низ Македонија.

„Се обраќаме до директорите, професорите и наставниците, бидејки загрижени родители јавуваат дека има наредба во училиштата, нивните деца утре да се изнесат на националистичките протести на коишто се шири меѓуетничка омраза: Веднаш да престанат притисоците и злоупотребите на деца за партиски цели! Ќе има сериозна одговорност за секој кој ќе прекине настава за да носи деца на протести, со што ја загрозува и нивната безбедност и безбедноста на граѓаните! Директорите на средните училишта кои добиле наредба од раководството на ВМРО-ДПМНЕ утре да ја прекинат наставата и да ги носат децата на партиските протести, должни се, да се спротивстават“, рече партискиот портпарол, Петре Шилегов на денешната прес-конференција.

Обвини дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски ги повлекува директорите на училиштата и наставниот кадар да кршат закон и ги вовлекува во кривични дела.

„Повикуваме сите граѓани да останат мирни. Да не влегуваат во сценаријата на Груевски за уништување и распад на Македонија“, додаде Шилегов./крај/со/бб

No Posts Found

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *