МАКФАКС

Слаб снег и магла на Попова Шапка

Слаб снег и магла на Попова Шапка
06.03.2017, 08:16

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. На Попова Шапка провејува слаб снег и има намалена видливост од 30 до 40 метри поради појава на магла.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. крај/амсм

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *