(Видео) Судот не дозволи да се прават инсерти од судењето на Груевски, Јанакиески и Рангелова

(Видео) Судот не дозволи да се прават инсерти од судењето на Груевски, Јанакиески и Рангелова

Во кривичниот суд денеска со оджува ново рочиште за предметот на СЈО „Насилство во Центар“.

Во овој предмет меѓу обвинетите се и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова. Тие се обвинети од СЈО за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред Општина Центар во јуни 2013 година.

По барање на одбраната Судот не дозволи снимателите да направат инсерти од денешното рочиште иако претходно било поднесено уредно барање од страна на медиумите.

На претходните рочишта вина за настаните пред Општина Центар признаа четвртообвинетиот, Томислав Лазаров, и петтообвинетиот, Јордан Ристевски.

Апелацискиониот суд ја прифати жалбата на СЈО и одлучи дека во доказната постапка може да се користат снимките од прислушуваните разговори.

 

Кристијан Ландов