МАКФАКС

СЈО го објави третиот шестмесечен извештај за својата работа

СЈО го објави третиот шестмесечен извештај за својата работа
15.03.2017, 18:38

Специјалното јавно обвинителство(СЈО) во среда до Советот на јавни обвинители го достави третиот шестмесечен извештај за својата работа.

Во извештајот се наведува дека во последните шест месеци биле отворени 14 нови предистражни постапки, и доколку се земат предвид 54 предистражни постапки отворени од неговото формирање, па заклучно со вториот извештаен период, во моментот во работа има вкупно 68 предмети кои се во фаза на предистражна постапка.

Предистражните постапки се однесуваат на незаконското следење на комуникациите, како и незаконитости во врска со финансирањето на медиумите, злоупотреба на средствата за финансирање на изборна кампања, разни злоупотреби на постапки за јавни набавки, даночно затајување, перење пари, разни коруптивни дејствија и разни злоупотреби на службена положба и овластувања, финансиски истраги, како и незаконитости во постапките кои се однесуваат на градежни работи итн. /крај/мф

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *