МАКФАКС

СЈО отвори четири нови случаи „Табла“, „Триста“, „Тотал“ и „Тифани“

СЈО отвори четири нови случаи „Табла“, „Триста“, „Тотал“ и „Тифани“
23.03.2017, 11:45

 

Специјалното јавно обвинителство во четврток објави дека отвора четири нови истраги против четири лица и тоа директор на училиште, помошник министер во Министерствтото за внатрешни работи и двајца управители на повеќе фирми.

Обвинителката Катица Јанева, на прес-конференција рече дека Управата за јавни приходи и Министерството за финансии дозволиле поединци и други министерства да работат спротивно на законите, овозможувајќи одредени физички и правни лица да се стекнат со имотна корист затајувајќи даноци и вршејќи јавни набавки незаконито и со повластување.

Најави дека на тој начин се перени пари во Буџетот, а парите завршувале во џебови на функционери од власта. „Ова е почеток, а понатаму ќе се прошируваат за нови кривични дела од нови физички и правни лица“, рече Јанева, која нагласи дека за вакви комплексни потребен е подолг период за покренување обвиненија.

Во првиот случај под назив „Табла“ осомничен е директор на училиште „Реџо Нушиќ“, во село Зајас кој овозможил имотна корист за едно право лице. Осомничениот со фирмата „Баукос“ склучил договор за изградба на училиште во село Горно Стоговиште, кичевско во вредност од 12.346.394 денари, при што не ги следел законски правилата за извршената јавна набавка.

Во вториот случај „Триста“ помошник министер во МВР ја злоупотребил положбата при јавна набавка на 300 возила при што го оштетил Буџетот за 27.894.555 денари или 453.570 евра. Со незаконски договори со фирмите „Порше“, „Ка-Дис“, „Бохемија Ројлс Ројс“, „Авто куќа“, „Ауто Македонија“, прибавил противправна имотна корист за наведените фирми.

Како што наведе обвинителката Фатиме Фетаи, доколку договори за набавка и одржување на возила биле склучени со прворангираните фирми кои учествувале на конкурсот за јавна набавка, според објавените критериуми, Буџетот ќе бил пополн за 453.570 евра.

Во третиот случај наречен „Тотал“ се работи за едно продолжено кривично дело даночно затајување, при што осомничено е физичко лице управите на Тотал маркетинг ДООЕЛ Скопје, Медија макс, Тотал Медија центар. Осомничениот давал лажни податоци во завршните сметки и даночните пријави при што преку правните лица затаил данок во износ од 7.466.981 денар 121.414 евра, а лично физичкото лице затаило 3.876.471 денар или 63.032 евра. Тоа што го набавувал за себе преку правните лица го покривал. Фетаи рече дека во друштвата немало вработени освен еден вработен од 2014 и друг од 2015 година.

Четвртиот случај е наречен „Тифани“ исто така продолжено кривично дело што траело од 2008 до 2014 година каде физичко лице управителка на Друштво за консалтинг Смарт ДООЕЛ и Смарт груп ДООЕЛ Скопје, која исто како претходниот управител за даночните 2008 -2014 година одбегнала даноци, а во завршните сметки давала лажни податоци, при што одбегнала да плати 2.314.463 денари или 37.634 евра преку фирмите и 1.040.840 денари или 16.924 евра личен данок.

Како што рече Фетаи таа преку фирмите набавувала долна облека во вредност од 500 евра, здолништа, ташни, ремени, очила, шминки, точаци, сигурносни врати и друго.

Обвинителката Ленче Ристовска појасни дека за ниту едно од осомничените лица не се бараат мерки за обезбедување присуство./крај/мф

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *