Чавков бил стотина метри од Собранието за време на „крвавиот четврток“

Чавков бил стотина метри од Собранието за време на „крвавиот четврток“

Раководителот на Оперативниот штаб на МВР за време на “крвавиот четврток“ во Собранието, Митко Чавков, кој тогаш беше и директор на Бирото за јавна безбедност, за време на насилствата бил на само стотина метри од Собранието, објави Телма.

Неговиот мобилен телефон “бил фатен“ на три базни станици и тоа на ВМРО, Алмако и италијанската амбасада, во триаголникот во центарот на Скопје.

Според информациите на телевизијата, Чавков одбил да даде исказ пред работната група во МВР, а на распит се уште не е повикан ниту во обвинителството со кое се уште раководи Марко Зврлевски, а кој се очекува наскро да биде разрешен.

Тогашниот министер за внатрешни работи Агим Нухиу го посочи како директен одговорен за насилството, бидејќи во критичните моменти не му се јавувал на телефон.