Јолевски: Безбедносната состојба е стабилна, АРМ подготвена соодветно да реагира

Јолевски: Безбедносната состојба е стабилна, АРМ подготвена соодветно да реагира

 

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, во понеделникот оствари посета на припадниците на Армијата на Република Македонија, кои се стационирани во штипската касарна „Јане Сандански“.

 

„Посетата на штипската касарна е дел од мојата програма за посета на гарнизоните на Армијата на Република Македонија. Командантот на касарната ме запозна со состојбите во касарната, со пополната на единиците со војници, подофицери и офицери и со техничка опрема во касарната“, истакна Јолевски.

 

Тој додаде дека Министерството за одбрана и Владата на Република Македонија започнаа процес за модернизација на Армијата со што ќе се купи нова опрема за Армијата со цел таа да стане уште поголем гарант за територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија. Од аспект на пополната, министерот истакна дека во овој период е реализирана пополна на единиците на Армијата на Република Македонија, а во тек е курс за следните офицери.

 

На новинарско прашање за безбедносната состојба, Јолевски посочи дека истата е  стабилна и додаде дека Министерството, Армијата и другите институции ја следат безбедносната состојба и се подготвени соодветно да реагираат.

 

Во рамки на посетата министерот Јолевски беше брифиран за активностите на Вториот механизиран пешадиски баталјон, кој како дел од Првата механизирана пешадиска бригада сместен во касарната, како и за нивните планови и програми за 2017 година. Воедно, министерот Јолевски присуствуваше и на тактичко  – техничкиот збор каде беше претставено вооружувањето и опремата со која располага единицата во Штип./крај/мф/бс