Македонија
Владимир Панчевски не се појави на рочиштето во кое обвинет за мобинг
Поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1-Скопје, Владимир Панчевски, во понеделникот не се појави на рочиштето во соседниот суд каде треба да одговара под обвинение за наводен мобинг.Според објаснувањето на судијката Хилда Мешкова, нејзиниот колега Владимир Панчевски не присуствувал, бидејќи тужбата за мобинг не ја примил тој, туку неговата мајка. Меѓутоа, истакна, дела доколку тој не се појави на рочиштето закажано за 7-ми февруари, судењето ќе се одржи и без него.
Тужбата којашто против Панчевски ја поднесе Горан Стаменковски, содржи обвинение дека првиот наводно вршел „перманентен притисок“ врз тужителот додека раководел со скопскиот кривичен суд.
Според наводите на тужбата, сé започнало во април минатата 2016 година кога Стаменковски се појавил на протест на таканаречната „Шарена револуција”. Наводно, Панчевски на фотографија која му била дадена од Министерството за внатрешни работи го препознал Стаменковски, по што следеле закани, намалување на плата и деградирање од работното место и тоа за неколку скалила, иако дотогаш тој извршувал раководни функции, се наведува во тужбата.
Незадоволен од одлуките на Панчевски, Стаменковски одговарал со писмени дописи до него, но тоа не дало резултат По ова, Стаменковски поднел преставка до Државниот пазарен инспекторат кој, пак, по извршен увид во судот, само го констатирал она што го тврдел Стаменковски, но и оваа одлука не била испочитувана од Панчевски.
Владимир Панчевски, освен тужба за мобинг, се соочува и со неколку кривични тужби, а поради неговата дивоградба во центарот на Скопје е во конфликт и со Општина Центар, од каде исто така му поднесоа пријави./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одрони на неколку патни правци
ЦУК извести дека преку единствениот број за Итни повици Е-112 добиена е дојава за одрон на патот кај Калиманци, на регионалниот пат Македонска Каменица-Виница, 5 километри пред влезот на Македонска Каменица.
За настанатата состојба известени се ЈП за оддржување на регионалните и магистралните патни правец и екипите се излезени на терен за да го саниррат одронот, додаваат од ЦУК.
Исто така добиена е дојава за одрон на патен правец село Удово-Демир Капија.
„Точната локација е 2-3 километри после село Удово во правец спрема Демир Капија. За настанатата состојба известени се ЈП за оддржување на регионалните и магистралните патни правец и екипите се излезени на терен за да го санираат одронот“, соопшти ЦУК.
Македонија
Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука
Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање, 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ во Скопје, наместо во саботи, ќе се надомести во работни денови.
Дополнувањето на нереализираните наставни часови ќе го планираат и организираат директорите на училиштата и ќе се реализира со подолг престој на учениците во денови од работната недела, во рамки на шестчасовното работно време на наставниците, велат од МОН.
Од Министерството потсетуваат дека наставната година за учениците од средните училишта трае до 10 јуни, додека за учениците од основните училишта до 17 јуни.
„Потребно е да го зачуваме најдобриот интерес на учениците, а тоа подразбира тие во целост и квалитетно да ја совладаат предвидената наставна материја“, додаваат од МОН.
Македонија
Со супервештачење ќе се бара вина кај лекарите за родилката од Дебар, која, по породувањето, се врати дома без јајчник, матка и бубрег
Судот нареди да се направи супервештачење за родилката од Дебар, Јалдз Веапоска, на која по породување во струшката болница ѝ беа извадени јајчник, бубрег и матка. Наредбата за супервештачење доаѓа откога судот доби целосно спротивни вештачења од Обвинителството и од одбраната. Вештачењето од Институтот за судска медицина, приложено од Обвинителството, посочи одговорност кај лекарите од струшката болница, а вештачењето нарачано од одбраната, кое го направи вештакот Драге Дабески, заклучи дека лекарите ѝ го спасиле животот на родилката.
„Со супервештачењето верувам дека, конечно,. вистината ќе излезе на виделина и правдата ќе биде задоволена. Вештакот на одбраната не најде лекарска грешка, ме убедува дека со вадење три органи по породувањето со царски рез, ми го спасиле животот иако вештачењето од Судска медицина покажа дека лекарите имаат вина. Јас здравјето не можам да си го вратам, органите ми се извадени и функционирам како половина човек, но очекувам супервештачењето на лекарите да им покаже дека има лекарска грешка и на пациентите да им порачам дека не треба да молчат, треба да се охрабрат и да се борат за вистината“, вели Вепоска за „Макфакс“.
Се пожали дека секое судење дополнително ја исцрпува, а извадените органи ја ограничуваат во мајчинството, во работата и во секојдневниот живот.
„Здравјето целосно ми е нарушено. Освен физички, имам и психички проблеми, се лекувам и од тоа. Особено тешко ги поднесувам судењата, ми треба време да закрепнам од нив. Работам со скратено работно време оти немам сила за осумчасовна работа. Како мајка не можам да им се посветам на децата онака како што треба оти постојано имам здравствени проблеми, еве сега тукушто ја испив терапијата“, рече Веапоска по денешното судење.
Судијата Јодран Јованов, кој го побара супервештачењето, е трет судија што го добива нејзиниот случај откога претхдните двајца се пензионираа. Следното рочиште е закажано за 3 јуни кога Вепоска очекува да биде готово и супервештачењето.
За извадените органи по породувањето со царски рез на Веапоска, обвинети за несовесно лекување се гинекологот Мухамед Асани, кој во 2020, кога беше направено породувањето, беше директор на болницата, син му Блертон Асани и докторката Лилјана Јовановска.