Македонија
ВМРО-ДПМНЕ прашува како ЕУ може да бара формирање на „што е можно поширока влада“
Портпаролката на Европската унија Маја Коцијанчиќ треба да објасни на основа на кој дел од Уставот на Р. Македонија, ЕУ очекува Претседателот Иванов да определи лидер за формирање на „што е можно поширока Влада“, како што вчера ЕУ објави преку Коцијанчиќ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму сметаат дека за да нема недоразбирање и дилеми кај македонската јавност пожелно е одговорот на ЕУ, исто така да биде јавен.
„Секоја држава, особено источно европските земји, има потреба од континуирани реформи преку промени на законите, за кои понекогаш е потребно и поголемо мнозинство како што е двотретинското кое во Македонија е неопходно за промена на некои закони. Сепак, земјите ретко составуваат влади со двотретинско мнозинство. Дури и во таква ситуација некои од нив понекогаш преку разговори и дебата со опозицијата во парламентот успеваат заеднички да изгласаат закони за чие прифаќање треба поголемо мнозинство во парламентот отколку тоа што го има владеачката коалиција. Такви случаи имаше многупати и во Македонија, кога владеачката гарнитура успеваше за некои реформски закони да обезбеди поддршка во парламентот од опозицијата, што говори дека и без двотретинско мнозинство може да се прават реформи“, појаснуваат од, до скоро, владејачката партија.
Затоа шрашуваат дали ЕУ има воспоставена пракса при секое формирање на Влада во земјите членки на ЕУ и кандидатите за членство, јавно да повикува на создавање на „што е можно поширока Влада“, или тоа е само исклучок за Македонија./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Странски новинари, преведувачи: вкупно 942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори
Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на Претседателските избори на 24 април.
Како што е објавено на веб страницата на ДИК, заклучно до 19 април, акредитирани се 342 домашни и 568 странски набљудувачи и преведувачи, од кои најбројни се од ОБСЕ/ОДИХР.
Парламентраните избори во земјава ќе ги следат над 2000 домашни и странски набљудувачи.
Изборите за шеф на државата ќе ги следат и странски новинари.
Седмите претседателски избори во земјава ќе се одржат на 24 април, а евентуалниот втор круг заедно со парламентарните на 8 мај.
Македонија
Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласа дијаспората, болните и затворениците
Започна предизборниот молк пред утрешните претседателски избори. Молкот завршува на 24 април во 19 часот, кога се затвораат избирачките места.
Денеска ќе гласаат избирачите запишани во посебниот извод од избирачкиот список, односно дијаспората, затворениците, лицата во старските домови, болните и изнемоштени и внатрешно раселените лица.
Гласањето за претседател започна во саботата, први гласаа членовите на избирачките одбори кои отпатуваа да го спроведат гласањето во дијаспората.
Во посебниот извод од избирачкиот список се запишани 191 избирачи кои треба да го спроведат гласањето во дијаспората.
Во дипломатските претставништва и конзуларни канцеларии треба да гласаат наши граѓани кои живеат во странство а кои се пријавиле за гласање.
Право на глас имаат 1.814.317 гласачи запишани во единствениот избирачки список. Избирачките места се отвораат во 7 часот, а гласањето трае до 19 часот. Се гласа на 3480 избирачки места во целата земја.
Скопје
Петровец, Сарај, Карпош, Кисела Вода и Центар денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат делови од општините Петровец, Сарај, Карпош, Кисела Вода и Центар.
· од 8.30 до 14.30 часот корисниците од селата Кожле и Бадар, како и тунелот кај Катланово на автопатот Велес – Скопје (општина Петровец);
· од 9 до 11 часот корисниците од село Кондово (општина Сарај);
· од 9 до 11 часот корисниците од делови од улиците Вич и Разловечко востание (општина Карпош);
· од 9 до 12 часот корисниците од делови од улиците Иван Козаров и Тоне Томшиќ. (општина Кисела Вода);
· од 9 до 15 часот корисниците од дел од улицата Максим Горки, односно објектите во околината на Домот на градежниците (општина Центар);
· од 11 до 13 часот корисниците од дел од улицата Орце Николов, поточно објектите во околината на куќните броеви 155 и 156 (општина Карпош)