Македонија
МВР ќе соработува со Независниот синдикат на полицијата
Раководството на МВР и натаму е отворено за соработка со претставниците на синдикатот бидејќи тоа е во интерес на сите вработени во МВР, се вели во соопштението на МВР, откако денеска претседателот на Независниот синдикат на полицијата, Гоце Делчев изјави дека МВР тапка во место и не превзема ништо освен празни муабети да ги подобри условите на македонскиот полицаец.
Од синдикатот го повикаа министерот на терен да се увери дека не се поделени чизми за сите полицајци како што тој изјавил, туку дека само една третина имаат добиено нови обувки.
Во соопштението на МВР се наведува дека министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски изминатиот период имал неколку средби со претставниците на Независниот синдикат
„ Во Министерството се затекнати многу проблеми кои биле наталожувани изминативе години и за кои ниту постоел ниту се пројавувал интерес јавно да се говори. Почнувајќи од сериозни аномалии во материјално-финансиското менаџирање со институцијата, бројни проблеми во организационо-кадровскиот дел, евидентно инфраструктурно и техничко уназадување, катастрофални стандарди и услови за работа“ соопштуваат тие.
Изминатите неколку месеци, додава МВР, направени се конкретни активности првенствено во насока на подобрување на условите и стандардите на работа на полициските службеници.
Врз основа на направени проценки, се вели во соопштението, изготвен беше план за обновување или целосна реконструкција на полициски објекти за различна намена, при што досега пет такви објекти веќе се предадени во употреба.
„Исто така во поглед на елементарните потреби за нормално функционирање на полицајците се започна со набавка на нова и комплетна полициска опрема која што етапно и согласно посебните планови во рамки на организационите единици ќе стигне до секој полициски службеник, додава МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара
Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор во траење од 48 часа за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара, извести Обвинителството.
Како што велат од Обвинителството, предлогот е прифатен и бараната мерка е определена.
Македонија
„Мицковски е ист како Груевски, злоупотребени децата во Гевгелија“, вели СДСМ
„Христијан Мицкоски е ист како неговиот претходник и ментор Никола Груевски. За врме на посетата на Мицкоски на Гевгелија беа злоупотребени млади лица и ученици, исто како што правеше Груевски, кога се редеа деца за да го поздравуваат“, соопшти СДСМ.
„На ист начин вчера, под палка на локалната власт на ДПМНЕ во Гевгелија беа поставени ученици да му аплаудираат, овој пат на Мицкоски.
Мицкоски е ист како Груевски. Во ДПМНЕ нема никакви промени. Тоа се истите методи на ДПМНЕ и истите ликови.
Мицкоски сака да продолжи каде застана Груевски.
Граѓаните не забораваат како изгледаше кога менторот на Мицкоски, Груевски нѐ заглави и не донесе до дното“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови
„Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Идната влада ќе имплементира модел за намалување на цените и ограничување на маржите на лековите и медицинската опрема. Народот не смее да го преплаќа лекот.
Ќе се спроведе ревидирање и модернизирање на позитивната листа на лекови со вклучување на најголем дел од основните лекарства кои граѓаните ги користат.
Лековите мора да се издаваат согласно потребите на пациентот, со персонализирана и индивидуализирана терапија. ВМРО-ДПМНЕ има за цел да го крене здравството на сосема ново ниво“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.