Македонија
Судот му наложи на МВР да го спроведе во притвор бизнисменот Сеад Кочан
Кривичниот суд во Скопје им наложи на надлежните институции да го спроведат бизнисменот Сеад Кочан во притвор, по барање на Специјалното јавно обвинителство.
На овластените службени лица од МВР, СВР Скопје, ОЕКР, единица за извиди и потраги, одделение за потраги-Скопје, им се наложува по пронаоѓање и лишување од слобода на осомничениот С. К., да го спроведат на издржување на мерката притвор во КПУ Затвор Скопје – Скопје, а за истото веднаш да биде известен Основниот суд Скопје 1 Скопје, стои во решението за притвор кое го објави Основниот суд Скопје 1.
Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, составен од потпретседателката на советот, судијката Гордана Спиреска и судиите Марјан Грубиша и Славица Наумова Јосифовска, ја уважи жалбата на СЈО и го прифати предлогот за определување мерка притвор против осомничениот С.К. поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство. Определениот притвор е во траење од 30 дена, сметано од денот на неговото пронаоѓање и лишување од слобода.
Засега нема официјални информации дали сопственикот на „Трансмет“, осомничен во случајот „Труст“ на СЈО е во притвор или е во бегство.
Претходно денеска, адвокатите на бизнисменот Сеад Кочан рекоа дека сè уште не го добиле решението со одлуката на Кривичниот совет да му биде одредена мерка притвор на еден од осомничените во случајот „Труст“ на СЈО.
Никола Додевски, адвокатот на Кочан, изјави дека за притворот дознал од медиумите и дека сè додека одбраната не го добие решението, Кочан е слободен човек.
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, пак, потврди дека добиле известување од судот за притворот на Кочан, но и тие сè уште го немаат добиено решението за одлуката на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1. Јанева рече дека била известена од судијката дека во текот на денешниот ден треба да го добијат решението.
СЈО го товари Кочан и уште двајца други за фалсификување документи со кои добиле тендер од 17.200.000 евра од ЕЛЕМ за ископ на јаглен и јаловина од рудникот Суводол. Три фирми на тендерот настапиле како конзорциум, а главен носител била „Транс мет“ чиј сопственик е Кочан./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Мицкоски: Постојниот простор на СВР Охрид ќе се стави во функција на градот, надземно ќе биде убав парк, а подземно катна гаража
„Денеска на покана на министерот и градоначалникот сум во Охрид, да дадам и јас лично поддршка на проектот кој тие двајца го најавија дека тоа ќе биде еден од приоритетите на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија. Станува збор за простор на СВР Охрид кој ќе се стави во функција на општина Охрид или ќе биде надземно убав парк, а подземно катна гаража“, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Ценам дека треба да се слушаат потребите на граѓаните, треба да се слушаат потребите на тие кои се избрани од граѓаните.
Ценам дека на овој начин ќе се овозможи еден поголем комфор во рамките на градското централно подрачје во Охрид во оној дел каде што е туристичка зона и ценам дека како држава треба да поддржуваме проекти кои ќе значат додадена вредност за средините во кои се прават. Еден од тие проекти е овој овдека.
Така што уште еднаш од мене голема благодарност и до министерот и до градоначалникот на поканата. Очекувам вакви и слични проекти и во иднина во други области во Македонија“, изјави Мицкоски.
Сервисни информации
Сообраќајот на патот Прилеп-Македонски Брод, се одвива наизменично по една коловозна лента
Во 14:58 часот сообраќајот на регионалниот пат Прилеп-Мак.Брод, сообраќајот се одвива наименично по една коловозна лента.
АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Апел за помош за малиот Војдан
„Почитувани, ви се обраќам како очајна мајка на Војдан, кој е дете со церебрална парализа. Војдан е предвремено родено дете, кој е борец уште од првата секунда од неговиот живот. 71 ден ги помина во инкубатор, на респиратор, со мал милион дијагнози и прогнози, но тој се избори и си дојде дома.
Кога мислевме дека нема крај на нашата среќа. Господ повторно ни го зададе најголемиот удар, на Војдан му дијагностицираа Церебрална парализа. 8 месеци ги поминавме по болничките лавиринти во нашата држава, со што немаше значителен напредок. Од негови 11 месеци, одиме на рехабилитација во Загреб. Одиме секој месец и остануваме таму по една недела. Војдан има сериозен напредок во неговата битка, која продолжува и од кога ќе се вратиме дома. Секојдневно има физикална терапија, со што јас како родител сум обучена да работам со него, дефектолошки и логопетски третман одиме на приватно. Фондот за здравство не ни го признава лекувањето на Војдан, па цели овие години одиме со помош на нашиот хуман народ. Како мајка на која единствена желба и е здравјето на нејзиното дете, уште еднаш и до бескрај ги молам сите хумани граѓани кој се во можност да ни помогнат за Војдан да излезе како победник во битката“.
Информации околу кампањата за собирање на донации имате тука