Македонија
Шилегов: СДСМ ќе го добие мандатот, за форма на влада не се разговара
СДСМ и ДУИ не разговараат за форма и вид на идната влада, туку за начин да се постигне договор и да се обезбедат 61 пратенички потпис со цел претседателот Ѓорге Иванов мандатот да му го даде на лидерот на СДС, Зоран Заев, потврди во четврток партискиот портпарол Петре Шилегов.
„Во оваа фаза зборуваме за мандат за состав на Влада. Ниту зборуваме за содржина, ниту зборуваме за форма и вид на Владата, и дали ќе се постигне таков договор. Кажавме и вчера, она што треба да го добие СДСМ е мандат за состав на Владата“, рече Шилегов.
На новинарско прашање, ако ВМРО-ДПМНЕ биде во опозиција, дали СДСМ очекува да направи некој инцидент или немири во државата, Шилегов вели дека овој период се изнаслужале секакви страотни сценарија од Центарот на комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, што не слушнале само дека метеор ќе падне во Македонија.
„Македонија е мирна, стабилна и демократска држава. Суштината на кризата во којашто се наоѓа Република Македонија е паѓањето на власт, којашто е исклучиво криминална и криминогена. Длабоко во оваа криза што ВМРО-ДПМНЕ сака да ја прикаже како не знам каква криза и заговор за целиот свет против Македонија, лежи обидот на Никола Груевски и криминалното раководство да се спасат од сопствената иднина којашто очигледно во услови на нормални судења ќе биде во затворските институции во Република Македонија“, рече Шилегов.
Органите, структурите на СДСМ во целост се согласни со политиките коишто ги води претседателот на партијата и не постои незадоволство кај членството, рече Шилегов и додаде дека постојат индивидуални поинакви размислувања што е емократско право на секој член на СДСМ да истакнува некое такво незадоволство./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Изет Меџити од Берлин: Дијаспората ја совлада Југославија, ќе го совладат и ДУИ
Лидерот на Демократското Движење, истовремено и носител во изборната единица број еден, Изет Меџити, учествуваше во голем собир со дијаспората во Берлин на Коалицијата ВЛЕН (ВРЕДИ).
Меџити од овој собир на дијаспората и се обрати со зборови каде им ја даде убавата вест дека на 8 мај пристигнува победата, но и за вредноста на учеството на дијаспората во овие избори кои многу добро знаат да казнуваат режими и тие кои го мразат Курти и Косово.
„Првите политички движења се отпочнати од дијаспората, како за совладување на Југославија, така и за независноста на Косово, а токму од ова дијаспора ќе пристигне и казната за ДУИ која се спротиставува на Косово и кокетира со Вучиќ”.
Тој, исто така, додаде дека сега е историскиот момент за промени во албанската политичка сцена после децении, со обединетата опозиција и со Самоопределување.
Македонија
Во Скопје санкционирани 179 возачи
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (19.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкии за поминување на затворен сигнал – црвено светло, седум мерки за управување под дејство на алкохол…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Македонија
Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи
Поради предизборни митинзи за претседателските избори викендов во централното градско подрачје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.
Како што информира Министерството за внатрешни работи од денеска од 19 часот до утре до 21 часот на улицата „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одржување на митинг што ќе се одржи утре во 13 часот пред седиштето на Европската унија. За сообраќај ќе биде затворена ул.„Св.Кирил и Методиј“ на потегот од крстосницата со бул.„Кочо Рацин“ до крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“.
Утре во 20 часот на плоштадот „Македонија“, пак, ќе се одржи митинг од изборната кампања за претседателските избори поради што Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.
Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.