Македонија
Симонс: „Решете го прашањето за името и ќе добиете покана за НАТО“
Македонија ќе ја добие поканата за членство во НАТО, веднаш штом ќе го реши прашањето за името со Грција.
Македонија ќе ја добие поканата за членство во НАТО, веднаш штом ќе го реши прашањето за името со Грција.
Ова денеска во Скопје го изјави заменик помошникот на гернералниот секретар за безбедност на НАТО, Роберт Симонс, повторувајќи уште еднаш дека вратата за Македонија за членство во НАТО е отворена, од тој момент кога ќе биде решено прашањето за името.
„Се надевам и мислам дека претстојниот период треба да се искористи во секој случај. Верувам дека доколку ова прашање се реши Република Македонија ќе стане членка на НАТО, и тоа ќе биде многу важно за земјава. Штом се реши прашањето во однос на името поканата за членство во НАТО ќе биде веднаш упатена до Македонија“,изјави Симонс.
По средбата со македонскиот министер за одбрана Зоран Коњановски, Симонс нагласи дека земјата е извор на стабилност во регионот со постигнатите реформи во делот на одбраната и учеството на македонските војници во мировните мисии во Авганистан, професионалните обуки на војниците како и усвојувањето на стратегијата за одбраната. /крај/рќ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Македонија денеска избира претседател: седум имиња се на гласачкото ливче
Во Северна Македонија ќе се одржат седмите претседателски избори, а до затворање на избирачките места во 19 часот, на сила е изборен молк.
Евентуалниот втор круг од претседателските избори е закажан за 8 мај, за кога се закажани парламентарните избори.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Владата го прогласи денот на изборите за неработен.
Во избирачкиот список за претседателските избори се запишани 1.814.317 избирачи, а во странство ќе гласаат 2.569 гласачи со државјанство на Северна Македонија.
Во посебен избирачки список запишани се 2.147 лица кои издржуваат затворска казна или притвор.
Скопје
ЈСП: Јавниот превоз по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.
Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.
Македонија
Променливо облачно и потопло со сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има локален слаб дожд, краткотрајно пороен, проследен со појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени.
Во Скопје променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 22 степена.
Во четврток ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи, а на повисоките планини ќе преминуваат во повремен слаб снег. Од петок следува период на претежно стабилно и потопло време.