Македонија
Средба на Милошоски со Друцас во Лондон?!
Министерството за надворешни работи на Република Македонија деновиве упатило барање до официјална Атина за одржување билатерална средба меѓу македонскиот министерот за надворешни работи и заменикот шеф на грчката дипломатија, пренесе МИА
Доколку грчката страна позитивно одговори на барањето, како што потврдуваат од Минситерството за надворешни работи, средбата ќе се одржи на 28-ми јануари во Лондон, на маргините на Меѓународната конференција за Авганистан, на која се поканети и е најавено дека ќе присуствуваат и макеоднскиот министер Антонио Милошоски и грчкиот претставник Димитрис Друцас.Освен за разликите помеѓу двете држави околу спорот за името на Република Македонија, се очекува Милошоски и Друцас да разговараат и за подигнувањето на нивото на канцелариите за врски во амбасади во Скопје и Атина, за потпишување договор за избегнување двојно оданочување, како и за отворање нови гранични премини меѓу Република Македонија и Република Грција, иницијативи кои македонскиот министер за надворешни работи ги покрена на средбата со Димитрис Друцас кон крајот на минатата година во Атина, на средбата што ја имаа на маргините на минстерската конференција на ОБСЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.