Македонија
Надворешните оценувачи на професорите ќе ги плаќаат граѓаните
Буџетот на Македонија ќе ги превземе трошоците за надворешното оценување на професорите на јавните универзитети, за таа обврска да не падне на товар на универзитетите, најави денеска Министерот за образование и наука, Никола Тодоров.Министерот се правдаше дека тој иако се повлекол од надворешното оценување (екстерната евалуација), амандманот бил поднесен од пратеничката група на ДУИ, и затоа оваа идеја повторно влезе во игра. Тоа ќе значи дека трето надворешно лице ќе ги надгледува универзитетските професори додека тие работат, оценуваат некој студент и слично. Ваквиот предлог од професорите беше оценет како најнавредлив.„Јас се повлеков и не го прифатив, тоа беше еден амандман поднесен од пратеничката група на ДУИ, јас тој амандман јавно го одбив и кажав дека иако е тоа моја идеја и е добро за образованието во Македонија, сметав дека можеби не одговара се уште на општественото ниво на свесност на универзитетите, за потребата од ваков тип на евалуација, и на оценување иако тоа го има на многу светски универзитети“, рече Тодоров.Според неговите најави, надворешното оценување ќе се реализира од 15 септември 2012 година. Моделот на надворешно оценување е превземен од Данска. Оценувачите на професорите ќе може да бидат професори од земјава, но и професори од странство, кои се докажани експерти од соодветната област.Вчера, за еден ден, предлогот на Тодоров за измени на законот за високо образование помина на собраниската Комисија за образование и наука, и во попладневните часови беше изгласан на пленарната седница со 76 гласа “за” и двајца воздржани, по скратена постапка.Д-р Владимир Петрушевски, Професор на Природно-математички факултет и Сенатор во Универзитетскиот Сенат на УКИМ, за Макфакс рече дека утре дефинитивно нема да се одржи закажаната седница на Сенатот.„Нема да се одржи седницата, нема потреба, ние бевме јасни со нашиот став дека доколку биде законот ставен во мирување, тогаш можеме да разговараме со министерот на Сенатот. Се очекува наредната недела да одржиме вонредна седница, на која ќе дискутираме кои мерки ќе ги превземеме“, рече тој.Голем дел од академската заедница влезе во отворен конфликт со министерот за образование и наука, Никола Тодоров, поради неговиот предлог за измени во законот за високо образование, кои вклучуваат построги критериуми за станување доцент, асистент и професор, објавување на повисок број научни трудови, отчет на јавните универзитети пред Собранието и јавноста, самоевалуација на професорите итн. Дел од професорите измените ги сфатија како упад во автономијата на универзитетите. /крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Странски новинари, преведувачи: вкупно 942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори
Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на Претседателските избори на 24 април.
Како што е објавено на веб страницата на ДИК, заклучно до 19 април, акредитирани се 342 домашни и 568 странски набљудувачи и преведувачи, од кои најбројни се од ОБСЕ/ОДИХР.
Парламентраните избори во земјава ќе ги следат над 2000 домашни и странски набљудувачи.
Изборите за шеф на државата ќе ги следат и странски новинари.
Седмите претседателски избори во земјава ќе се одржат на 24 април, а евентуалниот втор круг заедно со парламентарните на 8 мај.
Македонија
Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласа дијаспората, болните и затворениците
Започна предизборниот молк пред утрешните претседателски избори. Молкот завршува на 24 април во 19 часот, кога се затвораат избирачките места.
Денеска ќе гласаат избирачите запишани во посебниот извод од избирачкиот список, односно дијаспората, затворениците, лицата во старските домови, болните и изнемоштени и внатрешно раселените лица.
Гласањето за претседател започна во саботата, први гласаа членовите на избирачките одбори кои отпатуваа да го спроведат гласањето во дијаспората.
Во посебниот извод од избирачкиот список се запишани 191 избирачи кои треба да го спроведат гласањето во дијаспората.
Во дипломатските претставништва и конзуларни канцеларии треба да гласаат наши граѓани кои живеат во странство а кои се пријавиле за гласање.
Право на глас имаат 1.814.317 гласачи запишани во единствениот избирачки список. Избирачките места се отвораат во 7 часот, а гласањето трае до 19 часот. Се гласа на 3480 избирачки места во целата земја.
Скопје
Петровец, Сарај, Карпош, Кисела Вода и Центар денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат делови од општините Петровец, Сарај, Карпош, Кисела Вода и Центар.
· од 8.30 до 14.30 часот корисниците од селата Кожле и Бадар, како и тунелот кај Катланово на автопатот Велес – Скопје (општина Петровец);
· од 9 до 11 часот корисниците од село Кондово (општина Сарај);
· од 9 до 11 часот корисниците од делови од улиците Вич и Разловечко востание (општина Карпош);
· од 9 до 12 часот корисниците од делови од улиците Иван Козаров и Тоне Томшиќ. (општина Кисела Вода);
· од 9 до 15 часот корисниците од дел од улицата Максим Горки, односно објектите во околината на Домот на градежниците (општина Центар);
· од 11 до 13 часот корисниците од дел од улицата Орце Николов, поточно објектите во околината на куќните броеви 155 и 156 (општина Карпош)