Македонија
Опозицијата контра законот за полиција
Парламентот денеска почна да го разгледува законот за внатрешни работи,
Парламентот денеска почна да го разгледува законот за внатрешни работи, со полемична расправа меѓу позицијата и опозицијата, која го оспори донесувањето на законското решение.
Потребата од носењето на новиот предлог закон, заменикот министер за внатрешни работи Џевад Бучи ја оправда со дополнување на многу одредби, како и изоставување на стари кои престанеле да постојат, градење на системот на кариера, кој се воведува за прв пат, како и законска можност вработените во полицијата да се пензионираат со 40 години работен стаж.
Законот во собраниската расправа најавија дека нема да го поддржат пратениците на СДСМ и НСДП, посочувајќи дека „не дозволува демократска и цивилна контрола на полицијата“.
„МВР мора да биде систем, кој ќе биде сервис на граѓаните и не смее полицијата да биде најчест прекршител на уставно загарантираните права на граѓаните“, наведе пратеникот на СДСМ Владо Бучковски. Тој законот го оцени како катастрофално лош предлог.
Според него, законот оди во правец на партизација на МВР, и е закон со кој Македонија се враќа неколку години назад.
Пратеникот Горан Мисовски најави дека НСДП нема да го поддржи законот, бидејќи за него немаше јавна расправа, а полицијата е комплетно партизирана.
Пратеници од ВМРО – ДПМНЕ застанаа во одбрана на предложениот закон, оценувајќи дека со него Македонија се приближува до регулативите на ЕУ во оваа област.
Правните експерти неодамна на јавна трибина во Скопје, на која не учествуваше ниту претставник од МВР, изнесоа лоши оценки за законот за полиција, оценувајќи дека со него се јакне улогата на Управата за безбедност и контраразузнавање./крај.мс/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел
Министерката за одбрана, Славјанка Петровска објави дека судот донел одлука со која се утврува дека пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, неправедно ја клеветел.
„Основниот граѓански суд во Скопје по сите прикажани докази од моја страна донесе одлука со која се утврдува дека тужениот Драган Ковачки искажал невистини и лаги односно неправедно ме клеветел во јавност со цел да ми го наруши угледот и честа во очите на јавноста, Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки“, пишува Петровска.
Во продолжение таа додава дека не сака пари од нечесник и се откажува од паричниот надомест.
„Секој го прави тоа што најдобро го знае, тие со лагите, јас со труд и одговорна и чесна работа“, додава Петровска.
Македонија
Манолева: По 43 години, болницата во Отешево доби комплетно нов лик, современи услови за третман и медицинска опрема
Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, вчера беше во посета на ЈЗУ Специјализирана болница за превенција лекување и рехабилитација на хронични респираторни неспецифични и алергиски заболувања ОТЕШЕВО. Оваа јавно-здравствена установа минатата година доби комплетно нов лик со реновиран болнички објект финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија во висина од 20 милиони денари.
„Со имплементацијата на овој проект подобрени се болнички услови за третман на пациенти, поставен е нов мебел како донација од Луксембург, а собите се наместени со нов инвентар. Сите амбуланти, лабораторија, дневна соба, ехо кабинет, соба за спирометрија и алерго тестови се позиционирани во реновираниот објект. Како што можевме да видиме од посетата амбулантите веќе функционираат во реновираните простории. Специјализираната болница Отешево нуди современи услови за третман на пациенти и достоинствени услови за работа на здравствените работници“, рече Манолева.
Болницата во Отешево опстојува повеќе од 43 години и ова е прво реновирање кадешто значително се унапредени болничките услови. Во изминатиот период, установата се зајакна и со два апарати за физикална медицина и рехабилитација во склоп на проектот во вредност од 270 илјади денари.
Македонија
Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара
Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор во траење од 48 часа за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара, извести Обвинителството.
Како што велат од Обвинителството, предлогот е прифатен и бараната мерка е определена.