Македонија
Фуере: Решение за името и поголеми напори на меѓуетнички план
Наоѓање на решение за проблемот за името и подобрувања на меѓуетничките односи се клучни работи на кои Македонија треба да работи во претстојниот период, рече евроамбасадорот Ерван Фуере во едночасовната дебата во Европскиот Парламент посветена на Извештајот за напредокот на земјава.
Наоѓање на решение за проблемот за името и подобрувања на меѓуетничките односи се клучни работи на кои Македонија треба да работи во претстојниот период, рече евроамбасадорот Ерван Фуере во едночасовната дебата во Европскиот Парламент посветена на Извештајот за напредокот на земјава. „Ја повторувам и продолжив да и го повторувам на власта значењето од наоѓање решение за проблемот со името. Имаше многу позитивни средби меѓу двајцата премиери што помогнаа во создавањето доверба и ова треба да биде надградено. Ние веруваме дека ова е моментот кога храбороста мора да победи со цел да се најде решение. Ако не се искористат овие шест месеци, опасноста од понатамошно одложување може да предизвика тешкотии во односите меѓу етничките заедници и да донесе нестабилност“, рече Фуере. Фуере во дискусијата ги поздрави визната либерализација, како и демаркацијата на границата со Косово. Во дискусијата известувачот за Македонија, европратеникот Зоран Талер ја повика ЕУ со сите напори да ја помогне интеграцијата на Западниот Балкан во Унијата. „Западниот Балкан е како велосипед. Кога се движите кон членство во ЕУ е добро. Стабилно е, има прогрес. Процесот на визна либерализација беше јасен доказ за тоа. Ако застанете, паѓа надолу…затоа, ајде да направиме се што е можно за да го задржиме движењето кон европската насока, тоа е нашата цел“, изјави Талер. Европскиот парламент утре претпладне ќе гласа по амандманите на Извештајот за Македонија поднесени од словенечкиот европратеник Зоран Талер, со кои се бара во март оваа година Македонија да добие датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ и се повикува Брисел да помогне во надминувањето на спорот околу името. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.