Македонија
Американската амбасада со поддршка за СЈО
Соединетите Американски Држави целосно го поддржуваат Кабинетот на Специјалната обвинителка и нејзината улога во истражувањето и гонењето на криминалните дејствија кои произлегуваат од содржините од нелегално прислушуваните разговори.
Ова се наведува во соопштението на американската амбасада во Скопје објавено во петокот, по прес конференцијата на СЈО на која беше најавена првата акција на оваа обвинителство.
Во соопштението се наведува дека назначувањето на Специјалната обвинителка е суштински елемент од Договорот од Пржино и беше одобрено од сите четири политички партии.
„Го повторуваме нашиот повик до сите страни да дозволат Кабинетот на Специјалната обвинителка да ги изврши своите должности, независно и слободно без никаква форма на политички притисок. Сите обвинети имаат право на целосна заштита од законот и ги повикуваме сите граѓани да дозволат фактите да произлезат низ судски процес“, стои во соопштението.
Притоа се повикуваат властите да ги исполнат највисоките стандарди на владеењето на правото, транспарентноста, праведноста, заштитата на слободата на говор и независноста на судството како што се движат напред овие случаи. /крај/мф/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.