Колоски: Додека Трамп е на чело на САД, Македонија треба да се посвети на домашните проблеми

Колоски: Додека Трамп е на чело на САД, Македонија треба да се посвети на домашните проблеми

 

„Претседателот Обама дојде во претседателското столче со многу проблеми со кои требаше да се соочува, така што Македонија и југоисточна Европа не му беа приоритет. Се сеќавам на анти-македонската резолуција во Сенатот во 2007-та година со која тогашниот Сенатор Обама, како и тогашен Сенатор Џон Кери, дадоа поддршка на истата со експлицитно тврдење дека Македонија шири анти-Грчка пропаганда. Последователно, двајцата, Обама и заменикот претседател Бајден, се прогласени за филехелени пријатели на Грците од страна на грчката дијаспора“, пишува во колумна претседателот на Обединетата македонска дијаспора (ОМД), Мето Колоски, по повод доаѓањето на власт на новиот американски претседател Доналд Трамп.

 

„Искрено ние се плашевме дека Обама кога ќе стане претседател ќе го врати признавањето на Америка за време на Буш и ќе не вика под кратенката како во ООН, и сеуште до ден денес се плашиме, не само поради грчкото лоби, но поради внатрешната ситуација во Македонија. Среќни сме што САД продолжи да ја вика Македонија под уставното име веќе 12 години, колку што брои ОМД од нејзиното основање како организација и глас на македонците во Вашингтон. Еден од првите јавни говори на Обама беше на самитот на НАТО во Страсбург каде што изјави дека вратите на НАТО се ширум отворени за сите земји кои исполнуваат услов за влез во НАТО и изрази надеж дека Македонија ќе стане земја-членка на НАТО што поскоро“, потсетува Колоски.

 

„Пред Обама да стани претседател, САД и Македонија потпишаа договор за стратешко партнерство. За жал, со наши очи не видовме големо посветување на било која страна да се подлабочи тој договор, повеќе од страна на Америка, каде за жал повеќето советници на Обама не беа заинтересирани за Македонија. Политиката на САД кон Македонија беше оставена во рацете на пониските официјални личности на ешалонот на Стејт Департментот“, потенцира претседателот на ОМД.

 

„Од 1999-та година навака, претседател на САД нема остварено посета на Република Македонија, од 2003та година навака, државен секретар на САД, како и од 2007-та година навака, не била остварена посета од секретар на одбрана на САД. Ова би се категоризирало како грешка на САД. Хилари Клинтон, иако ја посети Македонија мислам два пати за време кога беше Прва Дама, Македонија ја запостави кога беше државен секретар, а ги посети скоро сите земји околу Македонија. Навредувачки е, иако во 2011-та Премиерот на Македонија во Стејт Департмент беше нејзин гостин. Потпретседателот Бајден исто ја заобиколи Македонија посетувајќи го Балканот 2-3 пати“, додава тој.

 

Во 2015-та година, наредба дојде од редовите на Белата Куќа да се скрати финансирањето на Гласот на Америка – Македонски сервис. Цела македонска дијаспора се активира и преку групата на пријателство на Македонија во Конгрес и пријатели во Конгресот, ОМД успеа да ја поништи оваа одлука како неоснована, и не само што не се укина, туку македонскиот сервис е зголемен со уште двајца повеќе новинари, вели Колоски.

 

„Од страна на македонската дијаспора, вратите на македонците во Америка беа доста отворени за време на Буш и Обама и се надеваме ќе продолжи со исто темпо и за време на Трамп. Скоро секоја година имаше делегација на лидери на македонската заедница до Белата Куќа за состаноци за време на Обама. Прв македонски православен свештеник прота-ставрофор Бранко Постоловски имаше средба во Белата Куќа, и оддржа молитва пред свечен ручек. Првиот амбасадор за верски слободи на Обама го покани Архимандрит Никодим Царкнијас од Егејска Македонија на средба со Стејт Департмент за дискусија околу правата на македонците во Грција. Во октомври 2014 година за време на 10 годишната Гала на ОМД, 65 македонци отидоа во Белата Куќа на посета. А во јуни 2016 година, 35 македонци отидоа во Белата Куќа на отворена трибина со високи советници на Обама. Ова е се благодарејќи на не- и над-партиската работа на ОМД“, додава Колоски.

 

„Администрацијата на Обама имаше приоритети кон односите со многу земји во светот, но на тоа многу влијаеше како Македонија ќе ги воспоставеше своите внатрешни работите. За жал во последните 8 години не сведочевме на активности од страна на Македонија во САД освен економски форуми во многу градови кои се и за поздравување. Можеби тоа е поради мислењето дека Обама нема да не поддржи и џабе да трошиме пари. Македонија беше една од најнеактивните земји во поле на активностите во Амбасадата, пет години не беше организиран прием за денот на независност, благодарејќи на сегашниот Амбасадор, тој настан кој опстојуваше 15-17 години со ред, се врати. Помалку и помалку активности со Конгресот. Амбасадата имаше 6-7 дипломати вработени во 2006-9 година, а сега се само 4, тоа е слична бројка на времето кога Ачевска и Димитров беа амбасадори. Македонија не може да очекува дека било кој ќе дојде на власт дека ќе не поддржува или нема да не поддржува. Македонија треба повеке ресурси да пренасочи за лобирање кон клучните земји во светот како САД“, вели Колоски.

 

ОМД веќе има воспоставени контакти со личности од идната администрација на Трамп, и дел од нив беа присутни во Амбасадата на маскембалот што ОМД го организираше за Василица пред една недела. Искрено мислеме дека Трамп нема многу да се посвети на Македонија и на Балканот, како што некои мислат. Трамп ќе има приоритети кој му се битни на неговата платформа, а тоа е економскиот развој на САД, здравствениот систем, даноците, како и илегалната имиграција. Сигналите околу НАТО, благодарејќи на тоа што Генералот Матис е секретар за одбрана, е тоа што САД сеуште останува насочена кон унапредувањето на НАТО. САД вложува најмногу пари во светот во одбраната. Трамп и Матис побара земји-членки како и идни членки, како Македонија, да го зголемат буџетот за одбрана до 2 отсто. Македонија мора итно тоа да го направи ако сака да покаже дека ја гледа својата иднина во НАТО, потенцира Колоски.

 

„Околу името, не очекуваме многу. Но треба да бидеме исклучително внимателни. Шеф на кабинет на Трамп е грк по потекло, двајца советници во Белата Куќа исто така со грчко потекло, како и еден во друга Агенција. За време на Трамп, најдобро е Македонија да се посвети на решавања на домашните проблеми, околу судскиот систем, транспарентност, политички диалог, медиумски слободи, скратување на говорот на омраза во секојдневието на општеството, работата на Собранието, вистинска децентрализација на администрацијата во локалните општества низ Македонија, и се разбира една најголема работа – економскиот развој за граѓаните. Но ако следиме тоа што Трамп вели, треба повеќе инвестиции во малите и средните бизниси. Не треба да се очекува дека Трамп ќе ни ги реши нашите проблеми или ќе не спаси од иднината во која ние одлучуваме. Се надеваме дека Македонија ќе има посилна поддршка од САД, но сега засега тоа зависи од нас“, заклучува Колоски во својата колумна./крај/мф/бс