МАКФАКС

МАЕИ: Софија да не измислува „Бугари“ во Албанија, туку да го признае македонското малцинство во Бугарија

МАЕИ: Софија да не измислува „Бугари“ во Албанија, туку да го признае македонското малцинство во Бугарија
16.02.2017, 18:03

Бугарија да не измислува “Бугари“ таму каде што не постојат, туку да го признае македонското малцинство во Бугарија, се вели во Декларацијата што во четврток до јавноста и Европската унија(ЕУ) ја упати Партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ).

„Во Албанија нема бугарско малцинство. Такво малцинство има во главите на бугарските официјални лица во Софија кои продолжуваат со антимакедонизмот како официјална политика за негирање на Македонскиот народ во целина“, се вели во Декларацијата.

Партијата Македонска алијанса за европска интеграција истакнува дека малцинството што живее во овие простори и во цела Албанија е македонско малцинство, официјално признато во Преспа, иако не и во регионот на Голобрдо и Гора.

„Македонците во Албанија не се “Бугари“! Во Албанија живее македонско, грчко, српско-црногорско, влашко, ромско, бошњачко и еѓиптјанско малцинство! Напорите за признавање на непостоечко “бугарско малцинство“ во Албанија го сметаме како фалсификат на историјата и на вистината!“, се вели во Декларацијата. /крај/со/мф

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *