Македонците во Албанија ја осудија резолуцијата на Европскиот парлмент

Македонците во Албанија ја осудија резолуцијата на Европскиот парлмент

Македонско друштво „Илинден“ одТирана и Македонско друштво „Илинден“-Тирана, огранок Голо Брдо најостро го осудува Извештајот за напредокот на Албанија за членство во Европската Унија (ЕУ), усвоен од Европскиот Парламент (ЕП), во делот каде што по предлог на бугарските евро-пратеници Андреј Ковачев и Ангел Џамбаски, Македонците во областите Голо Брдо, Мала Преспа и Гора се потврдуваат како Бугари, со препорака: „тие да бидат вклучени во законодавството на земјата и да бидат гарантирани во практика на Република Албанија“.

„Македонско друштво „Илинден“-Тирана и Македонско друштво „Илинден„-Тирана, огранок Голо Брдо повторува дека Бугари во Албанија и во регионите Преспа, Голо Брдо и Гора, нема!

Исти така тие потсетуваат дека на целата територија на Република Албанија, и посебно во регионите Преспа, Голо Брдо и Гора не живеат „Бугари“, туку само Македонци.

Македонско друштво „Илинден“-Тирана и Македонско друштво „Илинден“-Тирана, огранок Голо Брдо од албанската и македонската влада бара да испратат остар демарш до Брисел и Софија за нотификацијата на лажна бугарска историја во европските службени документи и за преименувањето на Македонците во Албанија за Бугари.

Македонско друштво „Илинден“-Тирана и Македонско друштво „Илинден“”-Тирана, огранок Голо Брдо извештајот за напредокот на Албанија за членство во Европската Унија усвоен од ЕП во делот за Македонците како Бугарија го смета за груба повреда на меѓународното право, универзалната декларација за човековите права и слободи и Повелбата на Обединетите Нации, за геноцид врз Македонскиот народ во Албанија.

Апелираме до Брисел за активни мерки против денационализаторската политика што веќе неколку години организирано ја води Софија со незаконско издавање на бугарски државјанства на Македонците во Албанија“, се вели во соопштението на друштвото Илинден – Тирана и огранокот во Голо Брдо.-Албанија . крај/мф/мн