ОМД бара конгресменот Рорабакер да поднесе оставка од Поткомитетот за Европа

ОМД бара конгресменот Рорабакер да поднесе оставка од Поткомитетот за Европа

 

Конгресменот Дана Рорабакер (републикански претставник од Калифорнија) уште еднаш се посрамоти сам себе, неговите гласачи и неговата партија со крајно неодговорен напад против Република Македонија, порачуваат од Обединетата македонска дијаспора (ОМД).

 

„Членовите на конгресот не би требало да бидат иницијатори на конфликти на Балканот. Тие не би смееле да се поистоветуваат со етно-националните агенди застапувани од страна на одредени балкански политичари. Македонија е суверена држава со постојани меѓународно признати обележани граници со сите свои соседи. Како таква, Македонија не припаѓа на Албанија, Бугарија, Косово, Грција, Србија или која било друга нација – држава“, додаваат од ОМД.

 

Во текот на интервјуто за „ТВ Висион Плус” од Албанија, Рорабакер изјави “со жалење изјавувам дека (Македонија) не е држава… Косоварите и Албанците од Македонија треба да станат дел од Косово. Другиот дел од Македонија треба да стане дел од Бугарија или било која друга држава на која сметаат дека и припаѓаат. Идејата дека треба да ја одржуваме Македонија во живот бидејќи некој пред 30 години одлучил вака како најдобро решение по распадот на Југославија не е доволно оправдание дека оваа идеа треба уште да постои.”

 

„Повикот на постојниот претседател на Поткомитетот за Европа, Евроазија и потенцијални закани за поделба на верен сојузник на САД е истовремено смешен и крајно опасе. Македонија работи напорно да ги преброди долготрајните дестабилизирачки ефекти од насилната агресија во 2001 година од страна на терористи од Албанска национална припадност. Напредокот кон стабилност во регионот е секогаш заснован на меѓународна гаранција за непроменливост на државните граници. Со ваквата директна изјава на високо позициониран претставник од Републиканската партија за уништување на Македонија истовремено сериозно се поткопува политиката на САД во Југоисточна Европа и позициите на претседателот Доналд Трамп“, изјави претседателот на ОМД, Мето Колоски.

 

„Новиот претседател беше избран врз основа на ветувањето за нова ера врз принципот заснован на намалено ниво на интервенција, заедно со борбата против радикалниот исламски тероризам и почитување на националните суверенитети. Наместо тоа, Рохрабакер се залага за остварување на замислите на терористите од 2001 година и знаќаен сојузник на САД во регионот ќе биде распарчен. Оваа позиција не е само длабоко неетичка туку и драматично спротивна на националните интереси на САД“, рече Колоски.

 

„Ги повикуваме претседателот на Конгресот, Пол Рајан и лидерот на мнозинството во Конгресот, Кевин Мекарти итно да го отповикаат конгресменот Рорабакер од неговото претседателство на овој значаен Подкомитет во Конгресот и го повикуваме претседателот Доналд Џ. Трамп да упати критика кон Рорабакер за неговите коментари”, рече Колоски, додавајќи дека организацијата „исто така ги повикува Американците со македонско потекло да ги контактираат нивните претставници и национални лидери со барање на одговорност за Конгресменот Рорабакер“.

 

„Македонија беше единствената држава која ја напушти Југославија без крвопролевање. Балканскиот регион се соочуваше со нестабилност и разделби многу години. Апсурдно е да се сугерира дека на Балканот се потребни дополнителни поделби, но ова е очекувано од некој како Конгресменот Рорабакер“, порача пак претседателот на одборот на ОМД, Стојан Николов.

 

Во 2011 година, Рорабакер го предупреди светот за таканаречената „опасност” од спроведување на попис во Македонија. Конгресменот има долгогодишни конекции со Ослободителната Армија на Косово (УЧК), терористичка организација поврзана со воени злосторства, трговија со луѓе со цел проституција, нелегалната продажба на хероин и други наркотици и трговија со човечки органи. Албанско-Американскара грашанска лига (ААЃЛ)- вличателен Американски лобист за УЧК, го имаа Рорабакер за “Почесен гостин” на Добротворен настан во 2001 година. Рохрабакер отворено повика САД да ја воорушат УЧК, и покрај постојаните извештаи за масакрите врз невини цивили од страна на УЧК, додаваат од ОМД./крај/мф/бс