МАКФАКС

ОМД бара формирање стабилна влада во Македонија без уцени

ОМД бара формирање стабилна влада во Македонија без уцени
15.02.2017, 13:27

 

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) поддржува формирање стабилна влада и излез од неколкугодишната политичка криза во државата, но, како што наведува во соопштение, во напорот да се создаде влада и задоволат коалициските партии, политичарите никако не смеат да прифатат услови кои ќе наштетат на македонските национални интереси.

„ОМД силно се противи кон прифаќањето на таканаречената албанска платформа за воспоставување на албанскиот јазик како официјален јазик во Македонија. Ова е класична уцена и не смее да биде прифатена од ниту една политичка партија во државата. ОМД ги предупредува најголемите политички партии во државата, а посебно СДСМ која што во моментов преговара со партиите на албанското малцинство во државата, дека нашата организација нема да ја прифати како легитимна ниту една влада која би ги ставила партиските интереси над националните“, велат од ОМД.

ОМД ги повикува партиите на албанското малцинство во државата да ги стават интересите на Република Македонија како примарни и да не фунционираат со пазарење и уцени со цел да ги промовираат нивните политички идеали и цели./крај/со/бб

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *